Некои овошја и зеленчуци губат голем дел од својата ефективност, мирис и вкус кога се замрзнати. Но, тоа не е случај со сите. Има и такви кои после нивното замрзнување стануваат значително повкусни и ги задржуваат витамините во нив.
Пченка
Замрзнатата пченка е многу подобра од конзервираната. Таа содржи каротеноиди кои влијаат врз целокупното здравје на човекот. Ќесичката со замрзната пченка најдобро е да се искористи во текот на шест месеци.
Грашок
Замрзнатиот грашок има ист вкус и текстура како и свежиот. Според студија објавена во магазинот Journal of Food Science процесот на неговото замрзнување ги подобрува нивоата на антиоксиданти. Половина шолја грашок содржи 13 проценти од дневните потреби за витамин Ц.
Спанаќ
Според студија која е спроведена во Полска докажано е дека замрзнатиот спанаќ содржи повеќе калциум од свежиот, но потребно е да го изедете колку што можете побрзо.
Боровница
Боровницата се смета за супер храна, а една од нејзините предности е што таа не ја губи својата моќност на ниски температури. Освен оваа нејзина карактеристика една студија покажала дека го намалува и ризикот од срцеви заболувања.