Dave`s Kitchen: Интегрални земички

Одличен начин да конзумирате домашни и здрави земички кои не само што се интегрални, туку и се полни со разни типови на семиња кои се исклучително здрави за нашето здравје.

Давор од Dave`s Кitchen го има совршениот рецепт за тоа како да подготвите интегрални домашни земички.

Потребни состојки:

  • 500 гр. бело брашно
  • 350 гр. интегрално брашно
  • 1 квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 170 мл. маслиново масло
  • 300-350 мл. млака вода
  • 2 лажици чија семе
  • 2 лажици сончоглед
  • 2 лажици ленено семе
  • 2 лажици мак
  • 2 лажици сусам


Начин на подготовка:

Во длабок сад ставете ги сите потребни состојки и замесете тесто. Додадете течност по потреба за да замесите прилично меко тесто. Убаво изработете го на работната површина околу 10 минути со постојано месење.
Оставете го тестото да стаса во зад премачкан со масло околу 70-80 минути.

Поделете го тестото на 10-15 еднакви делови за да ги оформите земичките. Оформете ги земичките и наредете ги на намастено тавче за печење.  Оставете земичките да стасаат повторно околу 40-тина минути. Премачкајте ги со маслиново масло и печете ги во загреана рерна од 200 степени околу 20-тина  минути.

Повеќе рецепти и идеи за тоа што вкусно да подготвите посетете го профилот на Давор и Dave's Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби