Храна корисна за намалување на холестеролот

Релативно лесно е со јадење да се постигнат алармантно високи нивоа на холестерол, но и спротивното – со вистинска храна неговото ниво може и да се намали. Еве која е таа храна:

1) Калинки

Без разлика дали се консумира цела или во форма на сок, калинката го намалува холестеролот со тоа што го забавува неговото наталожување во крвта.

2) Наут

Покрај тоа што е одличен извор на протеин, наутот го намалува „лошиот“ ЛДЛ холестерол за околу 5%.

3) Сливи

Сливите се богати со антоцијанини т.е антиоксиданси кои го намалуваат крвниот притисок и холестеролот. Според една студија, секоја недела јадење по 3 или повеќе парчиња овошје кое ги содржи овие антиоксиданси може да го намали ризикот од срцев удар за 34%.

4) Лук

Лукот не само што го намалува нивото на холестерол, туку е и исклучително лесен за готвење и може да се додаде во скоро секоја храна, особено разни чорби и зготвен зеленчук и салати.

5) Чиа семе

Чиа семето има статус на „супер-храна“ од многу причини, од која една е тоа што е богато со растителни влакна кои откога ќе се внесат во организмот функционираат како сунѓер – впивајќи го холестеролот.

6) Црвен кромид

Овој кромид содржи антоксантини кои го намалуваат крвниот притисок и го забрзуваат метаболизмот.

7) Ореви

Оревите го намалуваат тоталниот и „лошиот„ ЛДЛ холестерол, а за најдобри резултати на ова поле се препорачува нивен дневен внес од околу 60 грама.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби