Како до поздрава исхрана?

Доколку сте решиле да направите пресврт во вашиот начин на исхрана почетокот на годината е одлична прилика за да го направите тој чекор.
Освен контролата врз вашите килограми, со здравиот начин на живот ќе имате доволно енергија за сите ваши активности, но и ќе бидете далеку од болестите кои демнеат.

Избегнувајте засладени пијалоци



Газирани сокови, природните сокови во тетрапак, енергетските и спортските пијалоци го подигнуваат нивото на инсулин до самиот врв. Што е најлошо не содржат влакна, протеини ни маснотии кои се неопходни за одржување на оптималното ниво на шеќери во крвта. Како нивна замена можете да внесувате големо количество на вода во која може да ставите парчиња од краставица, лимета или маракуја.

Планирајте го својот оброк



Направете место за секој оброк во вашиот организам со тоа што ќе внесувате ограничено количество, но на определен временски период. Се препорачува тоа да бидат мали порции кои ќе ги консумирате на 3 до 4 саати. Ваквиот начин на исхрана го држи стабилно нивото на шеќери во крвта и ја контролира потребата за нездрава храна како грицки и сл.

Внесувајте зеленчук во неограничени количини



Внесувајте салати барем два пати во денот во кои има доста зеленчук како блитва и спанаќ. Тие се нискокалорични и содржат високо ниво на хранливи материи и влакна кои ја зголемуваат метаболитичката функција на организмот. Освен преку салати зеленчукот можете да го внесувате како смуди со негово блендирање или пак испечен во рерна.

Отстранете го алкохолот од вашата исхрана



Алкохолот предизвикува дури 73% на маснотии во организмот што е доволна причина за негово отстранување. Доколку сепак не можете целосно, пробајте да го намалите на прифатлива внесена количина.

Исфрлете ја пржената храна



Пржената храна е лоша за одржувањето на линијата на вашето тело, но и за вашето срце. Место неа вметнете ги готвените јадења, печено пилешко и многу риба. За поубав вкус на јадењата додадете им зачини, но во одредени количества.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби