Здрави начини за засладување на кафето

Покрај тоа што дава енергија, кафето има многу здравствени придобивки. Го намалува ризикот од болести на црниот дроб, тип 2 дијабетес, деменцијата, па дури и некои видови рак.



Полно студии, пак, покажале дека пиење на неколку шолји кафе дневно служат како превенција дури и на прерана смрт. Доколку не го поднесувате горчливиот вкус на кафето и го пиете засладено, со него внесувате и полно рафиниран шеќер или вештачки засладувачи кои се штетни по здравјето.

Еве на какви сè здрави начини можете да го засладите кафето:

1) Бадемово млеко



Не треба да сте веган за да уживате во вкусот на бадемовото млеко, кое инаку содржи повеќе калциум и помалку маснотии од кравјото млеко. Некои варијации како оние засладени со ванила или мед му даваат уште поубав вкус на пијалокот во споредба со обичното млеко.

2) Путер

Можеби не го сметате путерот како здрава храна, но професионалните нутриционисти често ја препорачуваат комбинацијата на путер и кафе како здрава, бидејќи поволно делува на метаболизмот и на нивото на енергија. Сепак се работи за тренд кој што заслужува да сте скептични, така да најдобро е самите да ги испробате ефектите на оваа комбинација.

3) Цимет



Циметот го подобрува вкусот на многу работи, па така и на кафето. Покрај тоа, овој зачин е одличен и за подобрување на метаболизмот и намалување на воспаленијата.

4) Темно чоколадо

Ова е една од омилените опции за засладување на полно љубители на кафе. Задолжително додадете го во кафето додека е сè уште врело, со што ќе му дадете богат вкус и кремаста текстура, плус сите здравствени придобивки на темното чоколадо.

5) Мед



Богат со моќни антиоксиданси, и покрај тоа што е „шеќерест“ и сладок, медот е многу поздрава опција отколку обичниот бел рафиниран шеќер.

6) Стевиа

Стевиата изгледа исто како шеќерот, но е послатка, па така наместо една или две полни лажички, потребно е да се стави значително помала количина за да го добиете истиот вкус како од обичниот шеќер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби