Која храна да се јаде, а која да се избегнува пред пиење?

Познато е дека некои видови на алкохол не се препорачува да се мешаат со одредена храна за да не предизвика негативни последици во телото.

Еве која храна да се јаде а која да се избегнува пред пиење алкохол:

Најдобра храна:

1) Протеини и здрави маснотии



Храната во желудникот која ја имате кога почнувате да пиете влијае колку бргу ќе ве „фати“ алкохолот. Со повеќе храна во него, алкохолот се апсорбира побавно и треба повеќе време за да му се почувствуваат ефектите, додека кога се пие на празен стомак тоа се случува многу побрзо, но и со многу полоши последици.

Експертите препорачуваат пред пиење алкохол да се јаде храна богата со протеин и (здрави) маснотии, кои најмногу ја забавуваат апсорпцијата на алкохолот.

2) Овошје, зеленчук, и вода

Овошјето и зеленчукот се богати со хранливи состојки како антиоксиданси и витамини, но и со големи количини вода – а хидрираноста на организмот е од исклучително значење доколку планирате да пиете, бидејќи ги намалува последиците од мамурлукот. Покрај тоа, пијте и доволно вода како пред така (по можност) и за време на консумирањето на алкохол.

Најлоша храна:

3) Домати, зачини и чоколадо

Кога се пие на празен стомак, алкохолот предизвикува иритација која води до создавање на киселина во желудникот која оди кон грлото. Чоколадото, доматите, и некои зачини знаат да имаат сличен ефект на тоа, кој алкохолот го засилува.

4) Сол

Солените и процесирани „грицки“ кои најчесто се консумираат со алкохолот го подувуваат стомакот, а бидејќи таа состојба привидно ве прави да се чувствувате „полни“ и најадени, се намалува и шансата за внес на вода доволна да го хидрира организмот колку што треба.

5) Кофеин

Кофеинот и алкохолот не секогаш се добра комбинација. Енергизирачките ефекти на кофеинот ви даваат чувство дека не сте поспани или пијани, што доведува до уште поголемо пијанство. Кога дејството на кофеинот престанува, настанува т.н „crash” т.е нагло спуштање на енергијата и расположението – што може да е опасна комбинација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби