Dave`s Kitchen советува: Тајни за тоа како до совршени торти

Готвењето на торти не е лесна работа, особено кога ќе ни се залепи пандишпан на тавчето во кое сме го печеле или пак не сме ја изматиле доволно смесата.



Овој вторник Давор од Dave`s Kitchen со вас и со нас споделува неколку совети за тоа како да направите совршени торти секој пат кога ќе влезете во кујната.

Одберете испробан рецепт и подгответе се што можете пред да започнете со подготовка

Одберете докажан рецепт кој нема да ве изневери, користете квалитетни состојки и секогаш состојките нека бидат на собна температура освен ако поинаку не е нагласено во самиот рецепт. Пред да започнете со подготовката на смесата обложете го тавчето за печење со хартија. Иако користите хартија за печење, сепак добро е да се премачка со масло или путер и хартијата за печење. Исто така загрејте ја рерната на температурата која е потребна за да се испече пандишпанот.

Бидете прецизни во мерките и навремено додавајте ги во смесата

Доколку е потребно да се изматат путерот и шеќерот заедно додека не добиете пенеста смеса, тоа треба да трае минимум 10 минути за да може шеќерот да се стопи и не останат зрнца. Треба да внесете што повеќе воздух во смесата, на пример кога ги матите јајцата со шеќерот. Матете со движења напред назад со миксерот за да внесувате воздух, а на тој начин пандишпанот ќе биде полесен за јадење и ќе биде повоздушест. Доколку сте во можност користете дигитална вага за да имате прецизни мерки. Ако е потребно да додадете јајца во изматена смеса од шеќер и путер не го правите тоа одеднаш, туку додавајте ги јајцата едно по едно матејќи добро помеѓу секое додавање.

Имајте трпение



Печете ја тортата според упатството во рецептот и речиси никогаш не ја отварајте рерната првите 10-тина минути за да проверите како изгледа. Бидете точни со времето предвидено за печење и оставете да се излади во самиот сад околу 10 минути пред комплетно да ја одстраните од тавчето во кое се печела. Ставете ја на решетка така што пареата ќе излегува и од долната страна на тортата. Оладете ја комплетно пред да нанесете фил кој содржи слатка павлака или путер.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби