Dave`s Kitchen советува: Готвење на зеленчук

Сите ние знаеме дека треба да јадеме многу зеленчук, свеж или зготвен. Секако дека треба да го задоволиме апетитот и сетилата за вкус, па сигурно некој зеленчук кој свеж не ни се допаѓа ќе го внесуваме и помалку. Најдобро е правилно да го зготвиме и на тој начин ќе ги имаме потребните дневни количини на витамини за правилно функционирање на нашиот организам. – вели Давор од Dave`s Kitchen.

Тој советува дека секој оброк треба да содржи и барем малку зеленчук пред се за нашето здравје, а потоа и за подобар вкус на јадењата.

1. Додавајте ароми преку зачините

Експериментирајте со зачините бидејќи тие го создаваат вкусот на јадењето. Доколку некој зеленчук не сакате да го консумирате сиров најдобро е да го динстате со додавање на ситно исечкан лук во тавата, или ситно исечкан кромид колку да пушти арома во маслото во кое ќе се динста или пропржи зеленчукот. Додадете малку рендан ѓумбир за да добиете азиски вкус на јадењето, или пак црвен пипер или буковец за да додадете лутина. Аромата низ просторијата во која готвите ќе се почувстува на далеку, па не бидете изненадени доколку ви тропнат на врата соседите.

2.  Внимавајте со времето на готвење

Нема ништо полошо од чинија полна со лошо подготвен зеленчук. Сигурно не сакате да јадете полужив компир или пак изгорени парчиња зеленчук. Доколку спанаќот не го подготвувате во вашето утринско смути од разни причини, гответе го сосема кратко максимум 5 минути за да не изгори, а сепак да му се задржат и нутритивните вредности. Најчесто зеленчукот бара само неколку минути да се зготви, а не готвење кое трае над 20-30 минути освен за зеленчуците како што се компир, грашок, грав.

3. Правете намази и макала

Според Давор најдобриот начин да уживате во зеленчукот е кога со него ќе подготвите некој вкусен намаз со зачини и млечни производи. Подгответе и макало со кое можете да ги вкусите сировите морковчиња во комбинација со солен крекер. Верувајте дека домашните намази и макала се многу подобри во вкусот од купечките.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби