Неколку едноставни начини за забрзување на метаболизмот

Некои луѓе имаат побавен а некои побрз метаболизам, што влијае на тоа колку лесно се накачува или губи тежината. Иако тој е предодреден од генетиката, возраста, полот и големината на телото, постојат некои промени во начинот на живот кои може да ги направите за да се забрза процесот.

Еве некои од нив:

1) Намалете ја температурата

Спиењето во постудена соба го зголемува процентот на кафеното масно ткиво – тип на маснотии кои се однесуваат како мускули. Според студија од 2014-та која вклучувала машки доброволци кои неколку месеци спиеле во климатски контролирани соби (каде навечер температурата изнесувала 18.8°C) само во тенки пижами и покривки, било заклучено дека количината на кафеното масно ткиво им била дуплирана, а согорувањето на калориите исто така им било зголемено.

2) Испијте кафе

Консумирањето на кафе (секако, во умерени количини) го забрзува метаболизмот и го редуцира ризикот од тип 2 дијабетес.

3) Намалете го стресот

Дури ни ако стресните ситуации не предизвикуваат прејадување, на телото му треба повеќе време да ги процесира изедените калории. Во студија од 2014-та, жените кои пријавиле дека биле под стрес за 24 часа согорувале во просек 104 калории помалку. За период од една година, овој дефицит би можел да се претвори во накачување на тежината за 5kg.

4) Убаво наспијте се

Недоволно сон го забавува метаболизмот и кај мажите и кај жените, а е поврзано со кортизолот кој се испушта во телото кога телото е под стрес и уморно. Под квалитетен сон се подразбира непрекинато спиење од најмалку 7 последователни часа.

5) Вежбајте

Било каква физичка активност – дури и 30-минутно пешачење – помага при забрзувањето на метаболизмот. Но, најдобри вежби кои го активираат кафеното масно ткиво и подобруваат метаболизмот се вежбите за сила – со зголемување на мускулната маса, го зголемуваме бројот на согорени калории додека сме неактивни.

6) Јадете луто


Капсицинот, кој го има во лутите пиперчиња ја зголемува телесната температура и го забрзува топењето на маснотиите – иако привремено и во мал процент. Исто така постојат докази и дека хемикалиите наречени изотиоцијанати кои ги има во пикантниот сенф, васабито и ренот го забрзуваат метаболизмот и ги активираат кафените масни наслаги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби