Dave’s Kitchen: Брз колач со јагоди

Барате некој лесен и освежителен десерт кој е погоден за овој период од годината?

Искористете го денот да го подготвите овој вкусен колач кој е лесен за подготовка, а ќе ви помогне да се засладувате во текот на целата недела.

Потребни состојки:

За кората:

  • 6 белки
  • 50 гр. шеќер
  • 50 гр мелени ореви
  • 50 гр. мелени бисквити
  • Опционално - 1 лажичка ванила

За филот:

  • 6 жолчки
  • 1 пудинг од ванила
  • 2 лажици брашно
  • 600 мл. млеко
  • 250 гр путер
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • Слатко од дуња по желба
  • 250 мл. слатка павлака
  • Јагоди за украсување

Начин на подготовка:

Во длабок сад изматете ги белките со шеќерот во цврст шлаг. Додадете ги мелените ореви и бисквити. Претурете ја смесата за пандишпан во правоаголно тавче обложено со хартија. Печете на 180 степени околу 20-25 минути.

За филот, изматете ги жолчките пудингот, брашното, млекото и ванилата заедно и гответе додека не се згусне. Покријте со хартија за свежа храна и оставете филот да се олади комплетно.  Потоа изматете го путерот и шеќерот во прав и полека додавајте од изладениот пудинг. Путерот и пудингот треба да се на иста температура за да може лесно да се спои смесата.

На изладениот пандишпан нанесете го вака подготвениот фил и оставете да се излади во ладилник околу 1 час. Нанесете тенок слој од слатко и изматен шлаг. Оставете да се стегне убаво, а за тоа време исечкајте јагоди или друго овошје и наредете го врз шлагот. Оставете да се стегне и пресечете парчиња.

Добар апетит и забавно готвење!

За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби