Храна за здрава кожа и младешки изглед

Покрај стресот, доволно долгото спиење, носење заштита за сонце и слично и начинот на исхрана значително влијае за одржувањето на здравјето на кожата.

1) Боровинки

Боровинките се богати со антиоксиданси и витамин Ц, кој помеѓу другите работи влијае и на заштита на кожата од UV зраците.

2) Јагоди

Слично на боровинките и јагодите се богати со антиоксиданси и витамин Ц, а имаат многу малку шеќер во нив што е одлично доколку сакате да јадете нешто слатко, а здраво.

Инаку, секоја храна која е богата со шеќери може да предизвика воспалувања која може да достигне до горниот слој на кожата и да ги затвора порите со што се заробуваат бактерии, што води до создавање на акни.

3) Домати

Изобилството на витамините Ц и А е есенцијално за создавање на здрави кожни клетки. Витаминот А познат и како ретинол е вообичаена состојка во продуктите против стареење и акни бидејќи промовира создавање на колаген.

4) Месо од кокошка

Протеините се основен дел од секоја здрава исхрана и се извор на амино киселини кои промовираат создавање на клетки. Тие се основните градбени блокови на колагенот кој кожата ја штити од формирање на брчки.

5) Лосос

Лососот е богат со амино киселини и протеин и е еден од најдобрите извори на омега-3 масните киселини кои кожата ја одржуваат навлажнета.

6) Кељ

Ретинолот и неговите деривати познати како ретиноиди (кои ги содржи кељот) промовираат создавање на колаген.

7) Моркови

Морковите содржат бета-каротен кој телото го конвертира во активен молекул ретинол односно витаминот А.

8) Црвено вино

Црвеното вино содржи антиоксиданс наречен ресвератол кој поволно влијае на кожата, но важно е да се напомене дека за да виното е корисно, мора да се пие умерено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби