СКОПСКО Нефилтрирано – новина од Пивара за пивските сладокусци

Пивара Скопје на пазарот го лансираше својот најнов пивски бренд - оригиналното СКОПСКО Нефилтрирано пиво. Оваа нова екстензија на СКОПСКО, создадена според вкусовите на консументите, претставува уште една инвестиција на компанијата во развојот на пивската индустрија во Македонија.



СКОПСКО Нефилтрирано е резултат на долгорочен процес, во чија успешност се вложени традицијата на правење на најпознатото македонско пиво СКОПСКО, како и професионалноста, истрајноста и ентузијазмот на вработените во Пивара Скопје, со што компанијата ја продолжува својата заложба за постојано унапредување и иновации во пивската култура во земјата.

-Како компанија која е лидер на пазарот во пивската индустрија и која повеќе од 94 години живее и дише за потребите на нашите консументи, со овој нов производ во портфолиото на СКОПСКО уште еднаш ја потврдуваме нашата долгорочна стратегија за развој на пивската култура, пивската индустрија и економијата во Македонија воопшто. СКОПСКО Нефилтрирано е само уште една значајна потврда за стручноста и големото знаење на нашите врвни пивски мајстори, за високите технолошки стандарди и квалитетот на нашите производи“, изјави Владимир Косијер, генерален директор на Пивара Скопје.

СКОПСКО Нефилтрирано со неодоливо балансиран вкус, е направено за оние кои не се задоволуваат со малку и секогаш бараат нешто ново и неочекувано. Тоа е одговор на оние кои очекуваат повеќе од вообичаеното и сакаат да го почувствуваат богатиот вкус во секоја голтка.

-Најновиот член на СКОПСКО семејството спаѓа во „craft“ категоријата на пива, што како термин во пивската индустрија претставува мајсторство за пиво со сопствени и уникатно развиени рецептури. СКОПСКО Нефилтрирано е направено со најдобрите природни состојки и 4,9% алкохол, по оригиналниот традиционален рецепт на СКОПСКО. Едиствентата разлика е во процесот на филтрација, која веруваме дека ќе ги задоволи и најспецифичните вкусови на љубителите на пивото“, објаснува искусниот пивски мајстор и менаџер за производство на пиво во Пивара Скопје, Кирчо Стојанов.

Дополнителен интересен податок е тоа што СКОПСКО Нефилтрирано има нестандардна етикета од хартија која целосно го покрива шишето, што дополнително ги збогатува неговите природни и автентични особини, меѓутоа истовремено не дозволува никаква пропустливост на светлината, со цел пивото да остане свежо што е можно подолго.

Новиот производ може да се купи во сите подобро снабдени малопродажни објекти почнувајќи од 15.05.2018, а истиот е достапен во стаклена амбалажа од 0,5 л, како и на точење во сите подобро снабдени локали.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што да правиш ако плавуша фрли осигурач накај тебе?
- Бегај подалеку, има граната во устата.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани по влажни коловози,наместа со остатоци од кашест снег по интервенцијата на Македонија пат. Слаб снег кој не се задржува на...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на правата на човекот
1520.- Германскиот црковен реформатор Мартин...
1603.- Умре англискиот лекар и физичар Вилијам...
1810.- Францускиот цар Наполеон Први на Франција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби