Кафе од брокула – иден хит или не?

Нов начин за процесирање на брокула овозможува нејзино мелење во фин прашок од кој може да се прави кафе.

Според австралиските креатори на овој пијалак CSIRO и Hort Inovation, тој добил „мешани“ рецензии во едно кафуле во Мелбурн каде бил сервиран на љубителите на кофеин.



Прашокот може да се додава и во разна храна или да служи како додаток за смутија, мафини и супа.

Две големи лажици од него се еквивалентни на 36 грама брокула (една доза), а според австралиската влада препорачаната дневна количина е 5 до 7 дози. Брокулата е одличен извор на витамините Ц, К, А и Б6, како и на фолати, магнезиум и калиум, покрај останатите хранливи состојки.



За креирање на прашокот се користи целата брокула, што за разлика од нејзиното класично готвење не остава никаков отпад. Процесот на продукција вклучува специјален третман пред брокулата да се исуши и раситни, со цел да се задржи оригиналната боја, вкус и што повеќе од хранливите состојки.

За да се направи кафето од брокула, прашокот се додава во шолјата еспресо, за потоа да му се додаде млеко и уште прашок од брокула одозгора.

А, дали ќе стане хит по кафулињата останува да видиме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби