Дали знаете кои се здравствените придобивки од кромидот?

Кромидот отсекогаш се ценел - археолозите имале откриено траги на кромид кои датирале од 5000 п.н.е., а се верува дека во античкиот Египет кромидот бил обожуван бидејќи неговата форма и концентричните кругови симболизирале вечност. Во средновековниот период се користел за плаќање на услуги и разни добра и бил даван како подарок.



Кромидот не содржи премногу витамини и минерали – еден со средна големина има околу 44 калории, 20% од дневната потреба на Ц витамин, и помеѓу 5 и 10% од дневната потреба на Б6, фолати, калиум и манган. Меѓутоа, тој е преполн со антиоксиданси (најмногу во надворешните слоеви) меѓу кои и кверцетинот, потентна анти-воспалителна состојка.

Тој има и анти-канцерогени својства. Во студија објавена во американскиот журнал за клиничка исхрана, истражувачи анализирале колку често луѓето во Италија и Швајцарија јаделе кромид и лук, по што било утврдено дека помеѓу студираната популација имало поврзаност помеѓу фреквенцијата на јадење на овие зеленчуци и ризикот од неколку вообичаени врсти на канцер. Колку повеќе кромид и лук тие јаделе, толку била помала застапеноста на канцерот.

Друга студија, пак, која се занимавала со перименопаузалните и постменопаузалните жени постари од 50 години, открила поврзаност помеѓу консумирањето кромид и густината на коските. Оние кои често јаделе кромид имале поголема густина на коските, како и намален ризик за фрактура на колкот за 20% во споредба со оние кои никогаш не го јаделе.



Кромидот исто така го подобрува варењето на храната, а причината за тоа е инулинот во нив, еден вид на влакна кои функционираат како пребиотици. Пребиотиците се всушност храна за пробиотиците и ја помагаат нивната функција. Инулинот ја сопира и констипацијата т.е запекот, ја подобрува регулацијата на шеќерот во крвта како и апсорпцијата на хранливите состојки. Според одредени истражувања, пак, кромидот помага и за намалување на холестеролот.

Покрај сите овие придобивки, кромидот ја подобрува и функцијата на доматите. Научниците веруваат дека сулфурните состојки во кромидот ја подобруваат апсорпцијата на ликопенот, антиоксиданс кој го има во доматите, а кој е поврзан со заштитата од канцерите и срцевите заболувања, како и со здравјето на мозокот, коските и очите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби