Како и секоја година, така и оваа Давор од
Dave’s Kitchen изненади со прекрасна трпеза по повод својот роденден.
Овој пат имавме можност да вкусиме цвекло крем салата, домашни кифлички, овошен пунч, сочно пилешко во сос од лимон, мини тартови и се разбира превкусна Шварцвалд торта. На трпезата доминираше бело цвеќе со модернистички твист на нежно виолетова боја од свежо набраната лаванда.
Како изгледаше мал дел од роденденската забава погледете во прилог, а во наредните денови очекувајте ги и рецептите од сето она што можеше да се најде на оваа трпеза.