Храна со која метаболизмот работи со максимална ефикасност

Одредена храна и навики можат да ја поттикнат работата на метаболизмот. Покрај физичката активност и адекватното спиење, храната која секојдневно ја консумираме игра огромна улога во ефикасноста со кое нашето тело ја согорува истата.

Избегнете го забавувањето на метаболизмот и внесувајте што повеќе од оваа храна за да ги постигнете вашите цели поврзани со губењето на тежината:

1) Риба богата со омега-3 масни киселини



Студија од 2015-та сугерира дека консумирање на риба богата со омега-3 масни киселини ја зголемува RMR (ефикасноста на метаболизмот во мирување) за 14%, и го зголемува бројот на согорени калории за време на вежбање за 10%. Некои истражувања велат дека анти-воспалителните ефекти на DHA и EHA масните киселини придонесуваат за ова, иако механизмот со кој тоа го прават не е целосно познат.

2) Студена вода



Адекватната хидратација прави огромна разлика за метаболизмот – истражување од универзитетот во Јута сугерира дека индивидуалците кои консумирале 8-12 чашки вода (од 230мл.) секој ден согорувале повеќе калории отколку оние кои пиеле само 4 чашки.

Друга студија, пак, тврди дека дополнителни 7 калории биле согорувани со секоја чашка студена вода, а причината за тоа е дополнителната енергија која телото ја користи за да ја загрее. Тоа значи дека со испиени 8 или повеќе чашки студена вода, дневно се согоруваат најмалку 56 дополнителни калории.

3) Кафе



Телото согорува 3 до 4% повеќе калории 2 и пол до 3 часа по консумирање на 100мг. кофеин, што е еквивалент на 1 шолја кафе. Ова е привремено, но се препорачува да не се внесуваат повеќе од 400мг. кофеин за да се избегнат несаканите ефекти. Исто така, избегнувајте додавање на дополнителни калории во кафето како (бел) шеќер, разни кремови, млеко и сл.

4) Зачинета храна



Капсицин е состојка во чили пиперчињата која ги прави лути, а многу студии сугерираат дека таа го подобрува метаболизмот, зголемувајќи го бројот на калории согорени по јадењето за околу 10. Доколку сте љубител на лутото и не ви прави проблеми со желудникот и варењето, дефинитивно ќе помогне во зголемување на ефикасноста на метаболизмот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби