Најдобра храна за здравјето на стомакот

Во нашето внатрешно опкружување, различноста е еднаква на издржливост. Колку повеќе видови здрави бактерии имаме во стомакот, толку подобро тој ја вари храната и помали се шансите одредена храна или нејзина компонента да го вознемири и да предизвика воспалителна реакција. Еве каква храна треба да внесувате за што подобро здравје на стомакот:

1) Изладени компири



Компирите кои се измиени, зготвени и оставени да се изладат, се едни од најдобрите извори на отпорен скроб. Тоа е пребиотик, вид на јаглехидрат кој не се разградува при варењето и служи како храна за бактериите во стомакот, овозможувајќи нивен раст и размножување. Една од најголемите негови здравствени придобивки е способноста да ја зголеми чувствителноста на инсулин, што помага за редуцирање на ризикот од дијабетес, а помага и при слабеењето

2) Кефир

Кефирот се прави од млеко помешано со зрна кефир – малечки грутки квасец и бактерии – кои треба да отстојат и да го ферментираат, создавајќи пијалак полн со пробиотици, т.е здрави бактерии. Студија од 2013-та покажала дека кефирот помага во решавање на гастроинтестинални проблеми и алергии, а има и позитивен ефект на здравјето на срцето. Внимавајте на фактот што многу комерцијални варијанти на кефир по продавниците содржат и големи количини додаден шеќер, кој ги храни лошите бактерии во стомакот.

3) Зелени банани



Повеќето луѓе ги избегнуваат зелените банани, но тие се одличен извор на пребиотици како отпорниот скроб, а имаат и здрави дози растворливи и нерастворливи влакна, витамини и минерали. Доколку не можете да им го поднесете вкусот, можете да ги сварите или потпечете.

4) Чоколадо

Студија покажала дека комбинирање на чоколадото со пробиотици ги подобрува ефектите и на двете, бидејќи чоколадото ги штити бактериите кога поминуваат низ стомакот за да се апсорбираат во тенкото црево, додека пак бактериите му помагаат на телото правилно да го свари чоколадото, екстрахирајќи ги потребните микронутриенти и антиоксиданси.

5) Лук



Лукот е богат со пребиотици, особено свежиот, но и зготвениот кој е ефективен како превенција за многу гастроинтестинални болести.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби