Краставици за смирена кожа и здрави коски

Многумина сметаат дека краставиците (кои во просек имаат 20 калории и 4 грама јаглехидрати) не содржат многу хранливи материи поради тоа што се бледи и имаат голема количина вода во нив, но тие се исклучително корисни за нашето здравје.



1) Го подобруваат здравјето на коските

Краставиците се полни со витаминот К, кој е клучен за доброто здравје на коските – една шолја сецкани краставици со лушпа содржи над 20% повеќе од препорачаната дневна доза на овој витамин потребен за формирање на коските, кој е поврзан со остеопорозата и зголемен ризик од фрактури доколку во телото има недостаток од него.

2) Го подобруваат кардиоваскуларното здравје

Краставиците содржат полно антиоксиданси меѓу кои и флавоноиди, кои не заштитуваат од срцеви заболувања. Во студија објавена минатата година, мала група на луѓе со покачени крвни масти консумирале исушен екстракт од семки од краставици секој ден во период од 6 недели, по што нивниот „лош“ LDL холестерол бил намален, а „добриот„ HDL покачен, а имале и намалено ниво на триглицериди.

3) Го хидрираат телото

Една краставица со средна големина има 194 грама течности, па така нивното јадење го зголемува внесот на вода во организмот.

4) Ја смируваат кожата

Ставање парчиња краставица на отечени очи помага за смирување на кожата, бидејќи тие содржат вода, витамин Ц, како и киселина која има анти-воспалителни карактеристики. Оваа комбинација ја смирува кожата и го намалува нејзиното отекување и иритација.

5) Го поттикнуваат слабеењето

Краставиците нудат три карактеристики кои го поттикнуваат слабеењето – имаат многу малку калории, но содржат влакна и течности.

6) Помагаат во намалување на ризикот од канцер

Покрај семето од лен и сусам, кељот, брокулата, јагодите, зелката и други зеленчуци, краставиците содржат природни супстанци наречени лигани. Бактериите во дигестивниот тракт ги конвертираат лиганите во соединенија кои се сврзуваат со естрогенските рецептори за што студии сугерираат дека заштитува од канцери поврзани со естрогенот – како оние на градите, матката и простатата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Две плавуши седат на концерт на пијано.
- Ова да не е Шопен?
- Не сум сигурна, чекај нека се сврти!

* * *
Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
Ден на солунските браќа Кирил и Методиј.
Православната црква во 11-от век, во чест на...
1543.- Во Фромборг, во Полска, умре Никола...
1905.- Роден е Михаил Шолохов, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби