Најдобрата и најлошата храна за нашата коса

Храната која што ја внесуваме во себе може значително да го подобри квалитетот и здравјето на нашата коса.

Еве која храна се препорачува за здрава коса, како и која треба да ја избегнувате:

1) Месо и живина (или грав и мешунки)

Бидејќи влакната се направени од протеински влакна, за здрава коса протеинот мора да е задолжителен дел од вашата исхрана. Недоволен внес на протеин може да предизвика сува коса чии влакна лесно се кршат, бидејќи организмот ќе ја ограничи количината протеини кои ќе бидат на располагање за фоликулите на влакната. Затоа, се препорачува месото и живината (или гравот и мешунки за вегетаријанците) да се редовен дел од исхраната.

2) Остриги



Остригите , покрај на протеин, се и одличен извор на цинк кој ја одржува работата на жлездите на влакната кои произведуваат масна супстанца, себум, што го спречува сушењето на косата.

3) Бадеми

Бадемите се богати со многу хранливи материи (но и здрави масти), меѓу кои витаминот Е и манганот, кои промовираат раст на косата.

4) Мандарини

Ова сочно овошје е одлично за имунолошкиот систем, но и кожата и косата, бидејќи е богато со витаминот Ц кој му помага на телото да создава повеќе колаген, витаминА кој ја поттикнува продукцијата на себум со што косата е хидрирана, како и Б12 кој го забавува процесот на нејзино посивување, бидејќи кога телото има недостаток од овој витамин создава хидроген пероксид, кој делува како средство за белење на косата.

5) Спанаќ



Железото и цинкот во спанаќот се одлични за одржување на цврстината на косата, а калиумот и калциумот го помагаат нејзиното здравје.

6) Јајца

Јајцата се богати со биотин кој го помага растот на косата и го спречува кршењето на ноктите.

7) Сладок компир

Овој зеленчук е богат со бета-каротен кој го промовира растот на косата со зголемување на продукцијата на себум.

Да се избегнуваат:



1) Скуша


Скушата е одлична во малечки порции, но во преголеми може да предизвика опаѓање на косата поради големи количини на жива.

2) (Бел) шеќер

Шеќерот ја забавува апсорпцијата на протеин во телото, кој е од клучно значење за здравата коса.

3) Алкохол

Алкохолот го намалува нивото на цинк во телото, а поради тоа што го дехидрира телото ја дехидрира и косата, правејќи ја склона кон кршење на влакната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби