Зошто треба да јадете банани секој ден?

Некои ги избегнуваат бананите бидејќи се богати со јаглехидрати и шеќери во споредба со некои други овошја, но не смее да се заборави дека на телото истите му се потребни за енергија.

За разлика од процесираната слатка храна, природните шеќери во бананата се придружени и со мноштво витамини и минерали, како и влакна кои го забавуваат варењето на шеќерите и не држат сити подолго време.



Една средна банана има околу 105 калории, 1 грам протеин, помалку од 1 грам масти, 26 грама јаглехидрати од кои 3 грама влакна и 14 грама шеќер.

Кои се причините да јадете банани секој ден?

1) Богати се со калиум

Една средна банана содржи 442 милиграма калиум, што е околу 12% од дневната потреба од овој минерал. На телото му треба калиум за да функционира нормално – електролитите ја помагаат контракцијата на мускулите, функцијата на нервите, ги внесуваат хранливите состојки во клетките (и го исфрлаат „ѓубрето“ од нив), го регулираат ритамот на отчукувања на срцето, како и нивото на натриум во телото. Кога имаме недостаток од калиум, можно е да се зголеми крвниот притисок, ризикот од камен во бубрезите, се чувствуваме слаби и уморни, а се појавуваат и мускулни грчеви.

2) Не хидрираат

Калиумот игра улога и во регулирање на балансот на течности во телото, особено електролитите кои ги губиме при вежбањето (натриум, магнезиум, калциум). Вежби со среден до висок интензитет предизвикуваат клеточни промени во калиумот, поради што се препорачува оние кои вежбаат да јадат храна богата со него за да се справат со овој дисбаланс.

3) Одлични се за стомакот

Една средна банана има 3 грама влакна (околу 10% од дневната потреба), а содржи и пребиотици – вид на ферментирачки влакна кои им помагаат на добрите бактерии во стомакот (пробиотиците). Сето ова ја подобрува дигестијата и помага во слабеењето.



4) Совршени се за пред вежбање

Најдобра храна пред вежбање е онаа која содржи природни шеќери за енергија, но кои не се премногу напорни за стомакот. Бананата ги има токму овие карактеристики.

5) Корисни се за срцето

Калиумот е поврзан со намалување на крвниот притисок и ризикот од срцев удар, бидејќи го отстранува вишокот натриум низ урината.

6) Богати се со витамин Б6

Покрај другото, овој витамин е важен за развивање на мозокот на фетусот за време на бременоста, и за реакцијата на ензимите вклучени во метаболизмот.

7) Ги одржуваат бубрезите здрави

Една студија врз 61 000 жени во Шведска покажала дека оние кои јаделе над 75 порции овошја и зеленчук месечно (околу 3 дневно) имале најмал ризик од развивање на карцином на реналните клетки, највообичаениот вид на рак на бубрезите.

Кога биле разгледани детално овошјата, бананите имале најголем ефект врз тоа поради високата концентрација на фенолити во нив, состојки со антиоксидантни ефекти.

Уште една студија врз повеќе од 90 000 жени покажала дека оние кои консумирале повеќе од 4099 милиграми калиум дневно имале 35% помал ризик од развивање на камен во бубрезите, во споредба со оние кои внесувале помалку од 2407 милиграми. Причината за тоа е што калиумот му помага на телото да се ослободи од вишокот калциум, од кој се создаваа највообичаениот вид на камења и песок во бубрезите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби