Сладок компир одличен извор на витамини

Слаткиот компир може да се јаде преку целата година, а особено во постудените денови како надополнување на разни супи, манџи, пити и останати десерти.

1) Одличен извор на витамините Ц и А



Една шолја печени слатки компири ја има скоро половината од препорачаната дневната доза на Ц витамин, како и од препорачаната доза на витамин А. И двата витамини се витални за поддршка на функцијата на имунолошкиот систем, што е особено важно во сезоната на настинки и вируси. Витаминот А е исто така клучен и за одржување на здравјето на кожата, видот и функцијата на органите.

Слаткиот компир е богат и со манган, минерал кој помага во производството на колаген и го промовира здравјето на кожата и коските, како и со витамините Б и калиум

2) Пребогати се со антиоксиданси

Витамините А и Ц функционираат и како антиоксиданси кои ги штитат клетките од стареење и болести, а виолетовите слатки компири се најбогати со антиоксиданси – како што е пигментот кој им ја дава бојата.

3) Имаат антивоспалителни карактеристики

Природните антивоспалителни состојки во слатките компири ги спречуваат воспаленијата на клеточно ниво – истражувања врз животни покажале редуцирана инфламација во мозочното и нервно ткиво по консумирање на екстракт од виолетови слатки компири.

4) Не предизвикуваат нагло зголемување на нивото на шеќер

Поради тоа што се богати со влакна, тие бавно се варат, што значи не ги креваат нагло нивоата на шеќер и инсулин.

5) Помагаат за регулирање на крвниот притисок



Една шолја печени слатки компири има 950mg калиум, кој го отстранува вишокот натриум и течности од телото, што го намалува крвниот притисок и го редуцира оптоварувањето на срцето. Калиумот исто така помага за регулирање на срцевиот ритам и мускулните контракции.

6) Помага при слабеењето

Околу 12% од скробот во слатките компири е т.н отпорен скроб, влакнеста супстанца која телото не ја апсорбира и вари, а која нè држи сити. Една студија покажала дека заменувањето на само 5.4% од вкупниот внес на јаглехдрати со отпорен скроб резултирало со 20 до 30% зголемување на топењето масти по оброк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби