Предизвик „Омилена со секој оброк“: Екстра меки и вкусни палачинки

За да докажеме дека Битолската павлака навистина е омилена со секој оброк, решивме да направиме еден експеримент.

Сите знаеме дека за приготвувањето на палачинки ни е потребно млеко, но што ако ја замениме оваа состојка со павлака?

Желни за предизвик, а воедно и за тестирање на теоријата денес ви го презентираме нашиот рецепт за американски палачинки, кои се екстра меки и екстра вкусни. Може да се комбинираат со најразлични кремови и додатоци. Нашиот избор е добро познатата класика од чоколадо и лешници.

За овој рецепт ќе ви бидат потребни:

За палачинките

  • 100 гр брашно

  • 3 јајца

  • 30 гр шеќер

  • ½ лажичка печиво

  • ¼ лажичка сода бикарбона

  • 25 гр стопен путер

  • 1 пакување Битолска павлака

  • Ванила екстракт

За кремот од чоколадо

  • 200 мл хопла

  • 200 гр чоколадо (пожелно за готвење)

  • Рум или сок од портокал по желба

Начин на подготовка:

Во сад најпрвин ставете ја павлаката и убаво изматете ја со маталка. Во неа додадете една жолчка, па потоа печивото, сода бикарбона, малку екстракт од ванила и путер. Во следната фаза пристапете кон додавање на брашното. За да добиете хомогена смеса, додавајте брашно етапно. Откако сте го приготвиле овој дел од смесата, оставете го на страна и во друг сад ставете 3 белки. Изматете ги со миксер додека не добиете убава пена, за потоа полека да го додадете и шеќерот. За најдобар резултат ви препорачуваме да користите јајца оставени на собна температура.

Земете ја претходната смеса и пената од белки и започнете со нивно спојување, кое ќе го направите така што белките постепено ќе ги додадете во првата смеса. Матете со лажица правејќи побавни движења за да добиете што по пенеста смеса. Овој начин на подготовка ќе им даде посебна мекост и лесна структура на вашите палачинки.

Откако ќе ги споите двата дела време е за пржење. Во тава на тивок оган, обликувајте мали кругови и пржете ги од двете страни.

Кремот ќе го направите така што во сад на оган ќе ја ставите хоплата и ќе ја загреете. Потоа во неа ставете го чоколадото и почекајте додека се стопи. Ние додадовме и малку рум, за да добиеме посебна арома. Доколку не сте љубители на румот, слободно можете да ставите сок од портокал или пак ликер кои исто така се одлична комбинација.

Како што велат, крајот го краси делото. Нашиот експеримент резултираше со мала торта од палачинки, кои исчезнаа за само неколку минути. Топло ви препорачуваме да ги испробате, особено по напорен работен ден или пак кога сакате да му приготвите нешто брзо и вкусно на семејството.

 


 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби