Храна која се препорачува секогаш кога сте настинати

Овој период настинките се зачестени, а со одмор и правилна исхрана можете да го забрзате процесот на оздравување. Еве што се препорачува да јадете и пиете секогаш кога сте настинати:

1) Пилешка супа



Во 2000-та, во студија од универзитетот во Небраска било докажано дека пилешката супа содржи анти-инфламаторни агенти кои ги олеснуваат симптомите на настинката. Покрај течности, таа содржи и натриум, калиум, влакна, јаглехидрати и сè што му помага на имунолошкиот систем побрзо да се избори со настинката.

2) Млеко и храна богата со витамин Д

Во некои постари студии било заклучено дека оние со ниско ниво на витамин Д биле поподложни на настинки, а храната со овој витамин помага и за подобрување на расположението.

3) Моркови и храна богата со витамин А



Сите витамини се клучни за здравјето на телото, но за витаминот А се смета дека е еден од најважните за одржување на силен имунолошки систем. Кога сте настинати, обидете се да јадете слатки компири, моркови, тиква, спанаќ и сл.

4) Студен зелен чај

Зелениот чај е полн со антиоксиданси, а нивниот број се зголемува кога тој е направен со млака, а не зовриена вода.

5) Лук

Кога редовно се консумира, лукот функционира како превенција од настинки, а тоа се должи на состојката алицин која го зголемува имунитетот.

6) Боровинки



Боровинките содржат повеќе антиоксиданси од било кое друго свежо овошје.

7) Риба

Се препорачува јадење на масна риба (како лосос или туна) кога сте настинати, за да се искористат предностите на омега-3 масните киселини кои помагаат за редуцирање на инфламацијата во телото, која ја спречува правилната функција на имунолошкиот систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби