Здравствени придобивки од семките од тиква

Триесет грама семки од тиква има околу 150 калории, 15гр. здрави масти, неколку грама јаглехидрати и импресивни 8 до 10гр. протеин.

Еве какви сè други здравствени придобивки нудат:

1) Богати се со магнезиум и други минерали



Покрај магнезиумот, тие изобилуваат со манган, железо, цинк и бакар. Магнезиумот помага за подобрување на расположението и спиењето, додека манганот игра улога во продукцијата на колаген и промовира подобро здравје на кожата и коските.

Железото и бакарот се вклучени во продукцијата на енергија, а железото помага и за транспортирање на кислородот до нашите клетки. Цинкот го подобрува имунитетот, здравјето на кожата и видот, а само една порција семки од тиква содржи 14% до 42% од минималната потребна дневна доза на овие хранливи материи.

2) Богати се со антиоксиданси

Покрај минералите, семките се богати со антиоксиданси кои ги штитат клетките, вклучувајќи каротеноиди и витамин Е.

3) Богати се со здрави масти

Семките од тиква се едни од најдобрите извори на растителни омега-3 масни киселини, како алфа-линолеичната киселина односно ALA. Иако само мала фракција од ALA се конвертира во важните DHA и EPA омега-3 киселини кои ги има во масните риби, оваа киселина го редуцира ризикот од стврднување на артериите и го штити срцето од разни заболувања.

4) Го контролираат нивото на шеќер во крвта



Овие семки ги редуцираат компликациите кои можат да настанат од тип 2 дијабетесот со тоа што ја подобруваат регулацијата на инсулин и ги штитат органите од последиците од болеста

5) Го подобруваат имунолошкиот систем

Покрај цинкот и железото кои се витални за добра функција на имунолошкиот систем, семките од тиква имаат анти-габични и анти-вирусни карактеристики.

6) Можат да го подобрат квалитетот на спермата

Истражувања покажале дека семките од тиква како и маслото направено од нив помага да се заштити здравјето на простатата, а цинкот влијае врз машката плодност бидејќи ниското ниво на цинк е поврзано со редуциран квалитет на спермата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби