Недела на италијанската кујна во Македонија

Со дегустација на италијанското просеко Prosecco Superiore DOCG Prima Cuvée и специјалитети од регионот Вадобиадене, вчеравечер, во ресторанот “Портофино“ во Скопје, во присуство на повеќе од 200 гости и Амбасадорот на Р.Италија, Н.Е. Карло Ромео, се означи почетокот на Неделата на италијанската кујна во Македонија.



Амбасадорот Ромео ја презентираше програмата на Неделата на италијанската кујна во Македонија која вклучува низа настани во организација на Амбасадата и Канцeларијата ИТА - Агенцијата за промоција и интернационализација на италијанските компании.

Во текот на целата недела предвидени се разновидни настани наменети за љубителите на италијанската храна и вино, за готвачи професионалци и за аматери, за компании заинтересирани за увоз и дистрибуција на италијанска храна и вино, за љубители на италијанскиот филм, како и за најмалите.



Љубителите на италијанска храна и специјалитети ќе имаат можност да уживаат во врвната кулинарска уметност на италијанскиот Шеф Армандо Кодиспоти кој ќе гостува во рестораните Дикстрикт и Воденица во среда и петок.

Професионалните готвачи, имаат можност да присуствуваат на Мастерклас за италијанска кујна со шефот Армандо Кодиспоти, организиран од Амбасадата на Р.Италија во соработка со здружението на готвачи ГАСТРО-МАК.

Промоцијата на италијански производи и вина во супермаркетите на ТИНЕКС започна вчера и ќе трае цела недела, каде покрај промотивните цени, потрошувачите ќе имаат можност да добијат вредни награди и книга со италијански рецепти.

Третата Недела на Италијанската Кујна во Светот (19-25 Ноември 2018 година) е настан од светски рамки, организиран под покровителство на Италијанското Министерство за Надворешни работи, со цел промоција на италијанската ено-гастрономска култура и традиција, сo посебен акцент на богатството на специјалитети и состојки типични за италијанските региони, нивната историја и територија.

Токму тој медитерански начин на исхрана, таканаречената Медитеранска диета, е централна тема на овогодинешното издание на Неделата на италијанската кујна во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби