Со ленено семе до здраво тело

Лененото семе е богато со многу хранливи состојки кои позитивно влијаат  врз нашето тело.  Благодарение на него доаѓа до подобрување на дигестивната функција, намалување на ризикот од срцеви заболувања, тип 2 дијабетесот и разни видови канцер.



Сто грама ленено семе содржи 534 калории, а се состои од 42% маснотии, 29% јаглехидрати и 18% протеин.

Најдобрите здравствени придобивки се добиваат од сомеленото семе бидејќи неговата лушпа е толку цврста што низ цревата може да помине необработено доколку е цело.

Кои сè здравствени придобивки ги нуди?

1) Може да ја подобри работата на мозокот

Омега-3 масните киселини со кои што лененото семе е богато помагаат за заштита на здравјето на мозокот

2) Го подобрува варењето на храната

Како одличен избор на диетални влакна, лененото семе ја одржува дигестијата и здравиот баланс на стомачниот микробиом.

3) Заситува

Како добар извор на протеин, ова семе ќе ве држи сити подолго време.



4) Го намалува холестеролот

Околу 20% до 40% од влакната во лененото семе се растворливи, што значи дека формираат гел во стомакот кој се врзува со холестеролот и го отстранува од телото.

5) Го штити здравјето на срцето

Линолеичната киселина, значајна состојка од лененото семе, е асоцирана со намалување на систолниот (максималниот) крвен притисок, како и со намалување на ризикот од хипертензија (висок крвен притисок).

6) Помага во слабеењето

Благодарение на богатството со влакна, ова семе помага во одржување на здраво ниво на шеќер во крвта и го намалува апетитот, со тоа помагајќи во слабеењето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби