7 лоши навики кои го забавуваат метаболизмот

Метаболизмот природно се забавува со стареењето, но постојат и бројни лоши навики кои допринесуваат за тоа.

1) Прескокнување на појадок или нездрав појадок



Јадењето на хранлив појадок секогаш е добар начин да се започне денот. Бидејќи метаболизмот забавува додека спиеме, јадењето откако ќе станеме го „буди“ и му помага да согорува повеќе калории во текот на денот. Кога јадеме појадок на телото му кажуваме дека во текот на денот ќе внесеме уште многу калории. Кога ќе го прескокнеме, телото смета дека можеби немаме извор на храна и добива порака дека треба да ги складира наместо да ги согорува калориите кои ќе ги внесеме во текот на денот.

Доколку пак за појадок јадеме нездрава храна (пржена или полна со шеќер, како крофни и сл.), таа нагло ќе го крене шеќерот во крвта што пак ќе предизвика и негово нагло спуштање подоцна во текот на денот што негативно влијае на метаболизмот. Затоа, за појадок се препорачува комбинација од јаглехидрати и протеини кои ќе ве држат сити повеќе часа, на пример овесни снегулки со млеко, јајце со двопек, сендвич со путер од кикирики и сл.

2) Премногу седење

Седењето долг период го става телото во режим за зачувување на енергија, што го забавува метаболизмот. Поради тоа, движењето и вежбањето е исклучително важно, особено доколку и работните часови ги поминувате во седење.

3) Запоставување на тренинзи за сила



Кардиото е одличен начин за согорување на калориите, но по завршувањето на ваквиот тренинг согорувањето на калории се враќа на нормала. Кога се прават и тренинзи за сила, калориите продолжуваат да се согоруваат со зголемено темпо бидејќи мускулите ги трошат во процесот на репарирање. Половина килограм мускули согорува дополнителни 4-6 калории секој ден, што значи дека колку повеќе активни мускули имате, толку повеќе и побрзо ќе слабеете.

4) Недоволен внес на протеин

Протеинот ги храни мускулите, промовира ситост и е важна компонента во одржување на здрава тежина. Доколку јадете недоволно протеин, ќе имате потешкотии со одржување на мускулната маса која е важна за метаболизмот. Исто така, протеинот има потреба од повеќе енергија за да се обработи во организмот (во споредба со јаглехидратите и мастите), па така калории се трошат и за време на неговото варење во стомакот.

5) Недоволно спиење



Една ноќ недоволно или лошо спиење е доволна да влијае на когнитивното процесирање и на чувството на млитавост наредниот ден. Неколку дена поминати без доволно сон може да предизвикаат забавен метаболизам и хормонален дисбаланс.

6) Недоволно пиење вода

Студија покажала дека пиење 500 милилитри вода (околу 2 чашки) ја зголемува метаболичката стапка за 30% и тоа трае повеќе од еден час. Тоа значи дека не само што водата не хидрира, туку и го забрзува метаболизмот.

7) Подложност на стрес



Кога нивото на стрес се зголемува, телото создава хормон кортизол кој предизвикува зголемување на апетитот, ја намалува желбата за вежбање и го редуцира квалитетот на спиењето, а сето тоа негативно влијае на метаболизмот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби