Dave’s Kitchen: Карамел чоколадна торта

Само со неколку состојки може да се дојде до извонреден вкус. Оваа торта без печење е токму она што Ви е потребно за кога ќе треба да подготвите нешто брзо за вечерашна седенка со пријателите.



Потребни состојки:

  • 250 гр. бисквити
  • Млеко за потопување
  • 1 пудинг од чоколадо
  • 500 мл. млеко
  • 200 гр. шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 150 гр. омекнат путер
  • Карамел за декорација

За чоколадната глазура:

  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 3 лажици млеко

(Овие две состојки се топат на пареа)

Начин на подготовка:

Најпрво во тенџере на оган загрејте го шеќерот, се до оној момент кога ќе започне да се топи и да се прави карамел. Со дрвена лажица убаво промешајте за да бидете сигурни дека целиот шеќер е растопен. Додадете половина од млекото, а во другата половина разредете го прашокот за пудинг. Растворениот пудинг додадете го во смесата заедно со пакетчињата ванилин шеќер. Мешајте со жица за матење додека целата смеса не се згусне. Тргнете од оган и покријте го сварениот пудинг со хартија за свежа храна и оставете го комплетно да се излади. Во меѓувреме изматете го путерот со миксер додека не стане пенест. Во путерот додадете го и пудингот од чоколадо, но комплетно изладен. Добро промешајте ја целата смеса додека не добиете густ и мек фил. Во правоаголно тавче наредете еден ред од бисквитите потопени во млеко. Нанесете од филот , па повторно ред бисквити и се така додека не го потрошите филот и бисквитите. На крајот полејте ја тортата со чоколадна глазура и декорирајте со карамел.

Добар апетит и забавно готвење!

За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби