Десет здравствени компликации кои се знак на лоша исхрана

Обично лошата исхрана ја асоцираме со дебелината, но таа предизвикува многу разни здравствени проблеми (од кои некои сериозни) кои се поврзани со недостатокот на разни хранливи состојки.

1) Остеопороза

Остеопорозата се појавува кога коските стануваат кршливи и слаби и кога ризикот од кршење им е значително зголемен. Ја предизвикуваат разни фактори, а неколку од нив се поврзани со исхраната, како што е недостатокот на калциум и витамин Д како и зголемениот внес на алкохол.

2) Хронична констипација (запек)



Хроничната констипација може значително да влијае на квалитетот на животот, а покрај останатите фактори ја предизвикуваат недоволен внес на влакна и вода/течности во исхраната.

3) Зголемен ризик од рак на дојка



Голем дел од хроничните болести – тип 2 дијабетес, кардиоваскуларните пореметувања и многу видови на канцер – се резултат на декади лоша исхрана и недоволна физичка активност. Здравствените статистики проценуваат дека две третини од хроничните заболувања се поврзани со факторите од животниот стил кој ја вклучуваат исхраната и вежбањето. Со ризикот од рак на дојка, пак, е поврзан и алкохолот, кој значително повеќе влијае за развој на рак кај жените со специфична генетска предизпозиција.

4) Зголемен ризик од срцеви заболувања



Лошата исхрана богата со шеќери и заситени масти е поврзана со наслагите во артериите кои можат да доведат до срцев или мозочен удар, абнормални крвни липиди или атеросклероза

5) Дијабетес



Секоја храна се конвертира во шеќер (главниот енергетски извор на организмот) освен чистиот протеин кој се користи на друг начин. Така, преголема количина од било која храна може да го влоши дијабетесот, но чистиот шеќер предизвикува најдраматични флуктуации на шеќерот во крвта. Комплексните јаглехидрати, на пример, се апсорбираат побавно што му дава на телото време да ги свари и искористи.

6) Опаѓање на косата



Недоволниот внес на протеин може да доведе до оштетување на структурата на влакната и до паѓање на косата. Истото го предизвикува и недостатокот од железо.

7) Замастен црн дроб



Оваа состојба може да се јави кај децата, адолесцентите и возрасните кои консумираат премногу газирани пијалаци (кои содржат шеќер), како и храна богата со заситени масти (пржена храна)

8) Бавно заздравување на раните



Недоволниот внес на протеин (преку јајца, млечни производи, месо, риба, грав, мешунки и др.), како и недоволниот внес на калории и витамин Ц може да доведе до бавно заздравување на раните.

9) Анемија (слабокрвност)



За да се спречи анемијата, мора да се внесува храна богата со железо како што е спанаќот, храна која содржи протеин, грав, леќа, тофу и др. По потреба, железото може да се зема и во вид на суплемент препорачан од доктор.

10) Ослабен имунолошки систем



Ослабувањето на имунолошкиот систем е поврзано со лошата исхрана, бидејќи без адекватни хранливи состојки телото потешко може да се избори со инфекции и болести. Протеинот, цинкот, витамините А, Ц и Е се важен дел од секоја исхрана кои влијаат на ефективноста на имунолошкиот систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби