Што сè треба да знаете за грејпфрутот?

Грејпфрутот е добиен со вкрстување на портокал и помело, а нуди многу здравствени придобивки за кожата, крвниот притисок, здравјето на срцето и превенција од разни болести.

Тој е одличен извор на витамините А и Ц и има многу малку калории, како и гликемиски индекс 25, што значи не влијае премногу на шеќерот во крвта и нивото на инсулин.



Меѓутоа, мора да се внимава при неговото консумирање бидејќи може да го инхибира ензимот во цревата наречен CYP3A4, кој игра клучна улога во растворање на одредени лекови во телото. Ова овошје, особено сокот од него, може да предизвика премногу високи, па дури и потенцијално опасни нивоа од одредени лекови во телото доколку се консумира истовремено со нив.

1) Грејпфрутот има повеќе вода од скоро сите други овошја – 92% проценти

2) Може да помогне при слабеењето - разни студии покажале дека оние кои јаделе половина свеж грејпфрут или пиеле сок од него пред секој оброк изгубиле повеќе тежина од оние кои не го правеле тоа.

3) Белата обвивка е многу здрава - белата „месеста“ обвивка на грејпфрутот која обично ја тргаме откога ќе го излупиме е всушност многу богата со антиоксиданси и хранливи состојки, како и со растворливи влакна кои не заситуваат и влијаат на глукозата во телото. Иако е значително горчлива, нутриционистите препорачуваат да се јаде заедно со овошјето.

4) Помага за намалување на лошиот холестерол - еден грејпфрут дневно може да го намали нивото на „лошиот“ LDL холестерол за 15.5%. LDL холестеролот е вид на маснотија која може да се наталожи во артериите и да го зголеми ризикот од срцев и мозочен удар.



5) Го подобрува имунолошкиот систем -причината за тоа е големата доза на витамините А и Ц во него

6) Го намалува нивото на триглицериди - триглицеридите се уште еден вид на маснотии кои можат да ги запушат артериите, а во разни студии било докажано дека со секојдневно консумирање на грејпфрут тие може да се намалат и за 27%. За нивно намалување е особено ефикасен црвениот грејпфрут.

7) Може да го намали крвниот притисок  - ефектот кој грејпфрутот го има врз крвниот притисок најверојатно се должи на високото ниво на калиум кој го содржи, кој ги неутрализира негативните ефекти од натриумот

Како што споменавме на почетокот, поради интеракција со одредени лекови, избегнувајте да јадете грејпфрут доколку сте на терапија со лекови за срце, т.е за намалување на притисокот.

8) Не смее да се меша со одредени лекови - грејпфрутот содржи природна хемикалија наречена фуранокумарин, која влијае на тоа како црниот дроб метаболизира одредени лекови.

Тоа значи дека доколку консумирате грејпфрут и одредени лекови за алергија (чија активна состојка е лоратадин или фексофенадин), би можеле да завршите со поголемо од препорачаното ниво од овие лекови во крвотокот – т.е еден вид на труење или предозирање.

Грејпфрутот треба да се избегнува и доколку се пијат видови на лекови против болка, базирани на наркотици, против ХИВ/СИДА, анксиозност и др.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби