Знаци за недостаток од калциум

Калциумот е еден од најважните минерали потребни на телото кој е важен за правилната работа на многу органи, како и за здравјето на коските. Калциумот исто така помага на срцевите мускули да пумпаат и испраќа сигнали до нервите кои ја предизвикуваат контракцијата на мускулите.



Возрасните треба да внесуваат околу 1гр. калциум дневно, количина која треба да се зголеми за време на бременоста и доењето до 1,2гр.-1.3гр. На пример, едно парче пармезан од 30гр. има 331мг. Калциум, додека 230мг. Полномасен јогурт има 274мг. Калциум.

Доколку подолг временски период телото има недостаток на калциум, тоа може да доведе до слабеење на коските и зголемен ризик од фрактури.

Не постојат директни симптоми за недостаток на калциум кои веднаш се забележуваат, туку разни знаци се појавуваат по одреден временски период, како што се:

1) Мускулите често ви се грчат

Бидејќи калциумот помага при контракција на мускулите, ниското негово ниво може да предизвика нивно грчење, обично во мускулите на грбот и нозете.

2) Косата и ноктите ви се кршливи

Калциумот ги зајакнува ноктите и косата и помага во нивното растење, а неговиот недостаток предизвикува нивно оштетување – тие се покршливи и потенки.

3) Чувствувате пецкање и вкочанетост на екстремитетите

Oва се случува во недостаток на калциум бидејќи минералот е одговорен за преносот на нервните сигнали.

4) Отчукувањата на срцето се нерегуларни



Бидејќи калциумот е одговорен за преносот на нервните сигнали, контракцијата на мускулите и контракцијата и ширењето на крвните садови, недостатокот од него е поврзан со неправилна функција на срцето. Доколку забележите било кој од овие сигнали, задолжително направете тест на крвта.

Храната како јогуртот, сирењата, млекото и кефирот се богати со калциум, но постојат и многу други не-млечни продукти (спанаќ, брокула, кељ, тофу, бадеми и др.), како и суплементи со кои можете да го зголемите нивото на калциумот во телото.

Дневната доза не треба да е поголема од 2,5гр. дневно – во спротивно може да настане дуење, гасови, запек, како и зголемен ризик од камен во бубрезите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Три најголеми студентски лаги:
-утре почнувам да учам
-соблечи се, не ти правам ништо
-позајми ми 200 ден ти ги враќам во вторник
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1944.- Основана е Република Ирска, со што заврши...
1947.- Прогласена е независноста на Република...
1967.- Владата на НР Кина објави дека изврши...
1971.- САД и Јапонија потпишаа спогодба со која...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби