5 причини зошто бубачките сè почесто се користат во исхраната

Во последно време во западните земји сè повеќе е застапен трендот на внесување на протеин од штурци во различни форми – како брашно, чипс, во чоколадни барови, па дури и како цел штурец.

Овој тренд бавно се инфилтрира во западната култура, иако историјата на ентомофагијата – практиката на јадење инсекти –датира уште од 8-миот век п.н.е.

Еве неколку причини зошто би било корисно да јадеме бубачки:

1) Тие се извор на високо квалитетен протеин



Во студија од 2013-та, истражувачите заклучиле дека инсектите од видот Orthoptera (скакулци и сл.) се особено богати со протеин и се важен алтернативен извор на протеин кој е со висок квалитет и ги содржи сите есенцијални аминокиселини.

Во студија, пак од 2017-та, било објавено дека количината на протеин во инсектите кои можат да се јадат варира од 7% до 48%, во споредба со количината на протеин во ракчињата (13%-27%), тилапијата (вид тропска риба) 16-19%, или говедското месо (19%-26%).

2) Извор се и на здрави масти

Иако квалитетот на масти варира помеѓу разните врсти инсекти и зависи од тоа што тие јаделе, инсектите можат да бидат извор за полинезаситени и мононезаситени масти, иако не ги содржат во толкава количина како масните риби (лосос, туна и др.)

3) Содржат влакна



Инсектите имаат егзоскелет направен од читлин. Овој комплексен полисахарид човечкото тело го препознава како диетални влакна кои поминуваат низ гастроинтестиналниот тракт без да бидат сварени.

4) Богати се со микронутриенти

Во студија од 2013-та биле истражени 236 хранливи состојки од инсектите и било откриено дека тие се богати во неколку микронутриенти како бакар, железо, магнезиум, манган, фосфор, селениум и цинк, како и неколку Б витамини вклучувајќи ги рибофлавинот, пантотенска киселина и биотин, а во некои случаи содржеле и фолна киселина.

5) Инсектите се одржливи

Јадењето на шумски инсекти е поврзано со одржливо менаџирање и конзервирање на шумите, а научниците предлагаат да се јадат инсекти како начин за намалување на емисиите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, но и како начин за решавање на глобалниот недостиг на храна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Три најголеми студентски лаги:
-утре почнувам да учам
-соблечи се, не ти правам ништо
-позајми ми 200 ден ти ги враќам во вторник
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1944.- Основана е Република Ирска, со што заврши...
1947.- Прогласена е независноста на Република...
1967.- Владата на НР Кина објави дека изврши...
1971.- САД и Јапонија потпишаа спогодба со која...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби