Храна која природно го намалува холестеролот

Храната која го намалува холестеролот игра витална улога за целокупното здравје. Таквата храна го намалува лошиот (LDL) холестерол или го зголемува добриот (HDL) холестерол.

Еве што советуваат нутриционистите  да се јаде за да се постигне тој резултат:

1) Овес



Една чинија овес содржи 1 до 2 грама растворливи влакна кои се врзуваат со холестеролот и му помагаат на телото да го исфрли.

2) Грав

Исто како и овесот и разните видови грав се богати со растворливи влакна, како и со протеин поради што ќе ве држат сити долго по оброкот.

3) Производи од цели зрна

Целите зрна како јачменот или кафениот ориз се богати со витамини и минерали како и растворливи влакна, а истото важи и за другите продукти добиени од нив (леб, тестенини и сл.)

4) Ореви

Оревите и бадемите се богати со здрави масти важни за доброто здравје на срцето, а содржат и растителни соединенија кои ја блокираат апсорпцијата на холестеролот во стомакот.

5) Јаболка



Лушпата на јаболката содржи пектин, растворливи влакна од растителен вид кои помагаат за елиминирање на LDL холестеролот.

6) Авокадо

Здравите масни киселини во ова кремасто овошје (инаку богато со полно хранливи состојки) меѓу другото и го намалуваат холестеролот

7) Бобинки

Бобинките се полни со антиоксиданси кои помагаат за превенција од хронични заболувања, го подобруваат здравјето на кожата, но и го намалуваат холестеролот. Тие содржат состојка која не само што го намалува лошиот, туку и го зголемува добриот холестерол.

8) Темно чоколадо



Темното чоколадо го намалува лошиот холестерол, зголемува добриот, а притоа и го намалува крвниот притисок.

9) Лук

Лукот содржи органосулфурни состојки кои го намалуваат  холестеролот, а најефикасни за таа намена се суплементите кои содржат екстракт од лук.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Две плавуши седат на концерт на пијано.
- Ова да не е Шопен?
- Не сум сигурна, чекај нека се сврти!

* * *
Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
Ден на солунските браќа Кирил и Методиј.
Православната црква во 11-от век, во чест на...
1543.- Во Фромборг, во Полска, умре Никола...
1905.- Роден е Михаил Шолохов, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби