7 причини зошто е добро да се јаде луто

Лутата храна дефинитивно не е за секого. Кај некои луѓе предизвикува т.н рефлукс на киселина од желудникот, како и иритација на дигестивниот тракт доколку имаат некое заболување на желудникот или цревата (гастритис, чиреви и сл.). Меѓутоа, истата има и значителни здравствени придобивки:

1) Го забрзува метаболизмот



Лутата храна како чили пиперчињата содржи активна состојка наречена капсаицин, која го забрзува метаболизмот а има и аналгетско својство (помага против слаба главоболка и сл.). Оваа состојка ја има и во помалку лутите зачини како куркумата и кимот.

2) Ја намалува желбата за слатко

Лутата храна делува слично како пастата за заби, во поглед на тоа што по миењето на забите ретко кога може да ви се пријаде слатка храна.

3) Ја намалува инфламацијата

Инфламацијата односно воспаленијата се причини за бројни (сериозни) заболувања, а капсаицинот има моќни анти-инфламаторни карактеристики. Меѓу другото ги редуцира ефектите на LDL (лошиот) холестерол.

4) Го подобрува имунолошкиот систем

Зачините и лутата храна содржат антиоксиданси и имаат антимикробни својства кои нè штитат од бактериите.

5) Може да го подобри либидото

Лутата храна го зголемува тестостеронот, хормонот поврзан со либидото.

6) Помага за редовно празнење на цревата

Зголемениот внес на вода кога се јаде лута храна помага за што порегуларно празнење на цревата.

7) Може да ги намали симптомите на депресија 

Оваа храна ослободува серотонин во мозокот, кој помага во подобрување на расположението, а со тоа и во намалување на симптомите на депресијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби