Што му се случува на телото кога јадеме брзо?

Скорешна студија покажала дека одржувањето на телесната тежина е поврзано не само со видот на храната која ја јадеме, туку и со брзината со која го правиме тоа.

Јапонски истражувачи следеле 1083 возрасни личности во период од 5 години, кои биле поделени во 3 категории базирани на тоа со која брзина јаделе: бавно, нормално или брзо.



Субјектите пополнувале анкета на почетокот на студијата во која ги споделиле начинот на исхрана, физичката активност и медицинската историја.

Во почетокот, ниеден од доброволците немал метаболичен синдром, т.е најмалку три фактори на ризик вклучувајќи ја абдоминалната дебелина, низок „добар“ HDL холестерол, високи триглицериди, висок крвен притисок и висок крвен шеќер – кои можат да предизвикаат здравствени проблеми како што е дијабетесот и разни срцеви заболувања.

Кога партиципантите биле испитани 5 години подоцна, 84 од нив биле дијагностицирани со метаболичен синдром, а според резултатите брзината со која јаделе била главен индикатор. Оние кој јаделе брзо имале 89% поголема шанса да имаат метаболичен синдром во споредба со другите 2 групи. Само 2.3% од оние кои јаделе бавно ја имале оваа дијагноза, во споредба со 11.6% од брзите „јадачи“.



Оние кои јаделе брзо исто така ја накачиле тежината, им се зголемил обемот на половината, а имале и повисоко ниво на шеќер во крвта во споредба со останатите.

Причината за тоа е што кога јадеме брзо, постојат големи шанси за прејадување бидејќи за да се чувствуваме сити треба да помине подолг период. Брзото јадење исто така предизвикува и поголема флуктуација на гликозата, што може да доведе до инсулинска резистентност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби