10 причини зошто путерот од кикирики е корисен за нашето тело

Во 1884-та, Канаѓанецот Марселус Гилмор Едсон бил првиот кој го патентирал путерот од кикирики – храна која и 135 години подоцна е една од најомилените, особено на децата во САД кои се „израснати“ на путер од кикирики со мармалад.

Какви сè здравствени придобивки нуди путерот од кикирики?

1) Го намалува ризикот од смрт

Според студија од 2015-та, јадењето на ореви, кикирики и слично секој ден е поврзано со намалување на ризикот од смрт. Причината за тоа е што сите тие содржат моно и поли незаситени масти кои се богати со антиоксиданси како и калиум, што позитивно влијае на одржување на здрав крвен притисок. Покрај тоа, тие се богати со влакна и содржат растителен фитостерол (состојка која по својата хемиска структура е слична на холестеролот, поради што има моќ да го редуцира нивото на холестеролот во крвта)

Масните киселини пак го намалуваат LDL холестеролот и нивото на триглицериди во крвта, како и ризикот од срцеви заболувања и тип 2 дијабетес.

2) Заситува

Мононезаситените масти и протеинот во овој путер исклучително заситуваат. Се препорачува да се консумираат 2 големи лажици путер од кикирики во еден оброк, бидејќи е многу калоричен и лесно може да се надмине внесот на препорачани калории во текот на денот.

3) Го намалува ризикот од дијабетес

Студија открила дека консумирање на една голема лажица путер од кикирики најмалку 5 дена во неделата може да го намали ризикот од развивање на дијабетес за над 20%.

4) Дава енергија

Протеинот, влакната и здравите масти даваат енергија на телото, а и помагаат за одржување на стабилно ниво на шеќерот во крвта.

5) Го подобрува здравјето на мускулите и нервите



Магнезиумот е минерал кој учествува во повеќе од 300 биохемиски реакции во телото, а путерот од кикирики изобилува со него. Околу 12% од препорачаната дневна доза во едно сервирање (2 големи лажици). Тоа значи дека путерот може да помогне во регулација на телесната температура, детоксификација, продукцијата на енергија, формирањето на силни коски и заби и одржување на здравјето на нервниот систем.

6) Смирува

Јадењето путер од кикирики може да помогне во борбата против ефектите од стресот. Тој содржи бета-ситостерол кој ги нормализира високите нивоа на кортизол, а може и да го подобри имунитетот.

7) Може да ја спречи алергијата на кикирики

Јадењето на путер од кикирики за време на бременоста може да помогне за намалување на ризикот детето да има алергија на кикирики.

8) Ги „исклучува“ гените за дебелеење

Кикириките имаат „скриено оружје“ во форма на генистен – состојка која влијае директно на гените за тежина, помагајќи во намалување на нивната функција и редуцирање на способноста на телото да складира маснотии (гравот и леќата ја имаат истата состојка).

9) Го подобрува спиењето

Путерот од кикирики е полн со аминокиселината триптофан, која е прекурсор на хормоните за спиење: серотонин и мелатонин.

10) Богат е со витамини и минерали

Покрај здравите масти, путерот од кикирики е богат и со витамините Е, Б3 (ниацин), Б6, фолати, магнезиум, бакар и манган. Магнезиумот помага против главоболките и болките и грчеви во мускулите, додека витаминот Е е важен во превенцијата од срцеви заболувања, канцер и заболувања на очите. Фолатот, пак е пренатален витамин кој помага во правилниот развој на фетусот и спречување на разни дефекти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби