Здрав режим на исхрана за здрава бременост

Одржувањето здрав режим на исхрана е исклучително важно за време на бременоста, бидејќи на телото му се потребни дополнителни хранливи материи, витамини и минерали, а во последните 6 месеци од бременоста потребно е да се внесуваат и по 350-500 дополнителни калории дневно.



Еве која храна се препорачува трудниците да ја јадат, а која да ја избегнуваат:

Храна која треба да се јаде:

1) Грав

Гравот е богат со влакна, протеин, калциум, железо и фолати.

2) Слатки компири

Слатките компири се богати со бета каротен, соединение витално за здрав развој на фетусот. Тие содржат и влакна кои го подобруваат дигестивното здравје и намалуваат наглото накачување на шеќерот во крвта.

3) Лиснати зеленчуци

Ваквите зеленчуци (кељ, спанаќ и сл.) се одличен избор за време на бременоста, бидејќи го надополнуваат дневниот внес на влакна, калциум, железо, фолати, калиум и витамините Ц, К и А

4) Јајца

Јајцата се одличен начин во телото да се внесе протеин, здрави маснотии, витамини и минерали. Тие се и добар извор на холин, хранлива состојка есенцијална за правилен развој и раст на мозокот.

5) Цели зрна

Целите зрна се богати со Б витамини, влакна и магнезиум, а некои како овесот и киноата имаат и протеин.

6) Суво овошје

Сувото овошје е богато со влакна и калиум.

7) Авокадо

Авокадото е полно со мононезаситени масни киселини, влакна, калиум, бакар, и витамините Е, Ц и Б.

Храна која треба да се избегнува:



1) Риба богата со жива

Бидејќи живата може да влијае на развојот на мозокот на бебето, треба да се избегнуваат видовите на риби кои се богати со неа, како скуша, марлин, разни морски риби и крупната туна. Туната од конзерва има помалку жива од останатите видови, но сепак треба да се јаде умерено.

2) Сувомеснати производи

Кај овие производи постои ризик од зараза со листерија, бактерија која може да му наштети на бебето. Доколку планирате да јадете таква храна, загрејте или термички обработете ја и веднаш изедете ја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби