Dave’s Kitchen со „Најдоброто од македонската кујна“

По успехот на неговата прва книга за готвење,Dave’s kitchen: Гответе насмеани“, младиот кулинарски шеф Давор Панчевски на 19 април (петок) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“,во 19 часот, ќе го промовира новиот готвач „Најдоброто од македонската кујна“



Книгата, што ја подготви со издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“, ќе содржи 125 едноставни и вкусни традиционални рецепти, на кои ќе се потсетат постарите генерации, а помладите ќе имаат можност да ги научат.

-Најдоброто од македонската кујна“ е проект на којшто работев со огромно задоволство. Почнувајќи од изборот на рецепти, па сè до готвењето и фотографирањето, секој чекор беше интересен предизвик. Овој готвач го создадов со цел да ги зачувам најдобрите рецепти од Македонија, некои од нив стари и повеќе од сто години, но и оние што се актуелни во последните децении. Мојата намера со овој готвач е да ја презентирам традиционалната домашна храна, но на модерен начин – вели Давор, кој е препознатлив по својот проект Dave’s Кitchen.



Тој додава дека рецептите се инспирирани токму од оние рецепти со кои е израснат. Дел од нив подготвувани од неговите баби, а поголем дел подготвувани од неговата мајка.

-Автентичноста е задржана во секој од сите 125 рецепти, но начинот на кои се комбинирани состојките и начинот на подготовка, како и крајниот резултат – сервирањето, е она што е променето. На пример: рецептот за манџа со грашок секогаш се подготвувал со месо исечкано на коцки, но во овој готвач мојот рецепт за манџа грашок е со мелено месо. Исто така, тиквичката е една од оние зеленчуци кои ги има во изобилие во Македонија, па со неа споделувам рецепт за чипс од тиквичка, кој одлично одговара со пиво и големо друштво. Ликерот од вишни е исто така променет од традиционалниот рецепт, но останува традиционален, бидејќи го подготвувале уште многу одамна, додава Панчевски.

„Најдоброто од Македонската кујна” доаѓа во две верзии и тоа на македонски и на англиски јазик, а ќе биде промовиран на 19-ти април во книжарницата literatura.mk. И овој пат Dave’s Kitchen ветува одлична забава со закуска и многу изненадувања за сите оние кои ќе дојдат на промоцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби