Промоција и дегустација на специјалитетите од „Најдоброто од македонската кујна“

Во присуство на многубројни гости, љубители на македонската традиционална кујна и на пишаниот збор во книжарницата „Литература.мк“ беше промовирана новата книга за готвење „Dave's kitchen: Најдоброто од македонската кујна“ од Давор Панчевски.



Готвачот, што го објавува издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“, содржи 125 едноставни и вкусни традиционални рецепти, на кои ќе се потсетат постарите генерации, а помладите ќе имаат можност да ги научат.

Промотор на книгата во „Литература.мк“ беше познатата водителка Ирена Спировска. По официјалното претставување на изданието гостите можеа да вкусат дел од рецептите застапени во готвачот.

Целта на „Најдоброто од македонската кујна“ е да ги оживее рецептите што потекнуваат од ова поднебје, а кои се повеќе или помалку заборавени, претставени во модерно издание.

- Идејата ми беше со овој готвач да ги зачувам нашите традиционални рецепти и да ги приспособам за полесно да ги подготвуваат новите генерации. Дел од нив се традиционални и токму онакви како што ги подготвувале моите баби и мајка ми. Секако дека дел од нив имам и модифицирано, со цел полесно подготвување од страна на новите домаќини и домаќинки. На пример: рецептот за манџа со грашок секогаш се подготвувал со месо исечкано на коцки, но во овој готвач мојот рецепт за манџа грашок е со мелено месо. Исто така, тиквичката е една од оние зеленчуци кои ги има во изобилие во Македонија, па со неа споделувам рецепт за чипс од тиквичка, кој одлично одговара со пиво и големо друштво. Се потрудив да ја зачувам нивната автентичност, но начинот на кои се комбинирани состојките и начинот на подготовка, како и крајниот резултат – сервирањето, е она што е променето, изјави Панчевски.



Рецептите, распределени на 270 страници, се поделени во неколку категории: појадоци, главни јадења, прилози, зимници и десерти.

-Целата подготовка, вклучувајќи го собирањето, приготвувањето и фотографирањето на рецептите траеше околу седум месеци. При подготовката на книгата заклучив дека во македонската кујна доминираат зеленчуци и овошја. Ме фасцинира што со многу едноставни и ефтини состојки, како и со нивна правилна комбинација се креира извонреден вкус. Инаку, често готвам традиционални рецепти. Сигурно два до три пати неделно. Едноставно нивниот вкус за мене е посебен. Омилени јадења од домашната кујна ми се: ајвар, полнети пиперки, бакардан, кифлички и сите парени десерти со кои нашата кујна располага, рече тој.

Книгата е достапна на македонски и на англиски јазик во книжарниците на „Литература.мк“. Ова е втор готвач на Панчевски, по книгата „Dave's kitchen: Гответе насмеани“.  Готвачот во петокот воедно беше промовиран и на т.н. „бранч со медиумите“, на кој новинарите и највлијателните блогери кај нас имаа можност да ги дегустираат традиционалните специјалитети подготвени од Dave's kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби