Напитоци кои помагаат при слабеењето

Течните калории играат голема улога за нашето здравје, а количината која ја консумираме влијае на способноста за контролирање на телесната тежина.

Невниманието во однос на она што внесуваме во нас преку пијачките може значително да влијае на нашата тежина. Повеќето газирани пијалаци, на пример, се полни со шеќер, како и енергетските пијалаци, ладните чаеви, смутијата, спортските пијалаци, алкохолните пијалаци, па дури и свежо цедените сокови во баровите.

Еве какви течности препорачуваат нутриционистите да се пијат, доколку целта ви е да симнете некој килограм

1) Вода



Сите знаеме колку е важно да се пие доволно вода – таа ги надополнува течностите кои ги губиме преку дишењето, вежбањето и метаболизмот. Правилниот тајминг на нејзиното пиење е исто така важен. Студија од 2015-та покажала дека испитаниците кои пиеле околу 2 чаши вода пред оброците најчесто губеле повеќе тежина од оние кои не го правеле тоа. Причината за тоа е што понекогаш кога мислиме дека сме гладни, всушност сме жедни.

2) Зелен чај

Редовното пиење на зелен чај го подобрува метаболизмот и игра клучна улога во одржувањето на телесната тежина и намалувањето на гладот. Во една студија било откриено дека за само 2 месеци, оние кои пиеле зелен чај изгубиле во просек скоро 3 килограми повеќе отколку оние кои пиеле вода. Зелениот чај е богат и со антиоксиданси и флавоноиди, а се препорачува да се пие без дополнителен шеќер или мед.

3) Кафе



Студија од 2015-та открила дека партиципантите кои пиеле 2-3 шолји кафе пред вежбање можеле да направат 20% повеќе повторувања на преса за нозе и 12% повеќе на „бенч-прес“. Кафето позитивно влијае и на хормоните кои помагаат за регулирање на шеќерот во крвта, а одржувањето на неговата стабилност игра клучна улога во тоа колку масти телото е способно да складира и истопи за енергија. Секако, се работи за „чисто“ кафе, а не разните фрапеа, латеа, капучинаи сл. кои се базирани на шеќер и млеко, а некои од нив може да содржат и до 50 грама шеќер.

4) Комбуха

Овој ферментиран пијалак се прави со додавање на бактерија богата со пробиотици на слабо засладен чај. Пиењето на вакви пијалаци кои ги стимулираат добрите бактерии во стомакот помага за губење на тежината.

5) Згреано млеко со куркума



Спиењето е клучно за што поефикасно слабеење, а пиење на топло млеко со куркума пред легнување може да помогне за подобар сон, бидејќи мозокот користи калциум и триптофан (кои ги има во млечните продукти) за да создаде мелатонин кој не тера на спиење.

Куркумата, пак, содржи куркумин, кој ја намалува големината на адипозните клетки и го ограничува акумулирањето на масти. Куркуминот исто така ги стимулира и антиоксидантните ефекти, ги намалува воспалувањата и помага за намалување на анксиозноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби