Здравствени придобивки од лукот и кромидот

Лукот и кромидот се дел од скоро секоја домашна кујна, а покрај вкусот (кој на секого не му одговара) тие нудат и многу здравствени придобивки.

Кромидите од сите бои (вклучувајќи го и белиот) се одличен извор на витамин Ц, витамин Б6, калиум и фолати, додека пак лукот е богат со витамин Ц, витамин Б6, тиамин, калиум, калциум, фосфор, бакар и манган. Покрај тоа и кромидот и лукот се нискокалорични и одлични за додавање на вкус на јадењата.

Кромидот, лукот, но и празот се богати со органосулфурни соединенија кои помагаат за намалување на холестеролот и крвниот притисок, и помагаат во спречување на канцерот и кардиоваскуларните заболувања.

Некои истражувања сугерираат дека најмногу здравствени придобивки нуди свежиот, незготвен кромид, а некои научници препорачуваат свежо исецканиот кромид или лук да отстои најмалку 10-на минути пред да се готви, за да има време да се одвијат ензимско-катализирачките реакции.



Овие зеленчуци исто така содржат фитохемикалии, т.е хемиски соединенија кои влијаат на разни процеси во телото – го подобруваат имунолошкиот систем, го редуцираат ризикот од развивање на канцер преку превенција од инфламација, клеточно оштетување или оштетување на ДНК. Разни студии докажале и дека лукот и кромидот имаат антибактериски и антивирусни карактеристики.

Тие содржат и пребиотици – соединенија кои ги хранат микроорганизмите во ферментираната храна (пробиотиците) и помагаат за одржување на здрав цревен биом.

Важно е да се напомене дека оваа фамилија зеленчуци се богати и со FODMAP-и, односно јаглехидрати со краток ланец како шеќерите и влакната. Кај некои луѓе тие тешко се апсорбираат во тенкото црево, па внесувањето на големи количини од нив може да предизвика гастроинтестинални проблеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби