Три здравствени придобивки од калиумот

Калиумот е минерал неопходен за телото да функционира правилно – тој помага за контракција на мускулите и игра улога во регулирање на нивото на течности во организмот, како и за крвниот притисок.

Препорачаната дневна доза (за жени) е околу 2300 милиграми, а недостатокот од калиум може да има сериозни последици по здравјето.



Ниското ниво на калиум креира кисела средина во крвта што предизвикува ослабување на коските, а истото може да влијае и на функцијата на бубрезите, предизвикувајќи често уринирање и формирање на камења во бубрезите, како и зголемен шеќер во крвта поради влошениот метаболизам на јаглехидратите.

Кои се главните здравствени придобивки од калиумот?

1) Го балансира натриумот

Главната „задача“ на калиумот е да го балансира нивото на натриум за телото да функционира правилно. Правилниот сооднос на калиум и натриум е важен за балансот на електролитите, кои се од клучно значење за контракцијата на мускулите и преносот на информации низ нервите, балансот на течностите, како и киселинско-базниот баланс потребен за зачувување на цврстината на коските.

2) Му помага на телото да ги обработи јаглехидратите



Калиумот помага за конвертирање на глукозата од јаглехидратите во енергија, што е причината што спортистите го внесуваат во големи количини пред и по вежбањето.

3) Може да го намали ризикот од мозочен удар и срцеви заболувања

Причината за тоа е што го регулира крвниот притисок и го спречува неговото покачување. Храна богата со калиум се бананите, спанаќот, прокељот, леќата, дињата, суви кајсии, портокали и др.

Премногу калиум, пак, може да предизвика проблеми кај оние со бубрежни заболувања бидејќи тој се процесира во бубрезите, а доколку тие не функционираат правилно, не го филтрираат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е 6.9?
- Поза 69 со полувреме.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема...
Верски календар
На денешен ден
1453.- Во битката кај Кастиона Французите ги...
1762.- Убиен е рускиот цар од германско потекло...
1790.- Во Единбург умре Адам Смит, најпознат...
1821.- Шпанија се откажа од Флорида во корист на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби