Храна која треба да се избегнува ако имате артритис

Артритисот е воспаление на зглобовите, а најчестите негови форми се остеоартритис (дегенеративна болест на зглобовите) и ревматоиден артритис. Доколку го имате ова заболување, инфламацијата т.е воспалувањето треба да се одржува на минимум, а еве која храна треба да се избегнува за тоа да се постигне:

1) Алкохол



Внесот на алкохол треба да се ограничи на не повеќе од една до две пијачки бидејќи ги влошува воспаленијата.

2) Бел леб

Рафинираните јаглехидрати како што е белиот леб не само што на телото му даваат минимално хранливи состојки, туку и ја зголемуваат продукцијата на AGE продуктите. Oвие соединенија ја влошуваат инфламацијата, па поради тоа белиот леб заменете го со интегрален, кој има повеќе влакна, витамини и минерали.

3) Пржени компирчиња и чипс



Пржените компирчиња т.е помфритот, како и останатата пржена храна исто така ја зголемуваат продукцијата на AGE продукти, а богати се и со натриум, кој исто така промовира инфламација.

Како алтернатива нутриционистите препорачуваат печени (или пржени) слатки компири.

4) Торти, колачи и слатка храна

Оваа храна треба да се избегнува бидејќи е полна со шеќер и заситени масти.

5) Газирани пијалаци



Газираните пијалаци се полни со шеќер, аспартам и фосфорна киселина, од кои сите можат да предизвикаат болка поради артритисот.

6) Црвено месо

Црвеното месо предизвикува инфламација во телото на разни начини, особено доколку се готви на скара. Доколку имате артритис, внесот на црвено месо треба да се редуцира, а доколку веќе се консумира не го гответе на скара.

7) Маргарин



Маргаринот е преполн со транс масти, вештачки креирани масти кои незаситените масти од течна форма ги претовара во цврста. Кога ваквите масти се консумираат, тие го зголемуваат лошиот холестерол а го намалуваат добриот, па така се препорачува маргаринот да се замени со путер, или наместо него да се консумира храна богата со омега-3, како авокадо, масло од ленено семе, орев и сл.

8) Процесирано месо и друга процесирана храна

Ваквата храна содржи многу заситени масти и натриум, а процесираното месо содржи и канцерогени кои создаваат AGE продукти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби