Dave’s Kitchen: Домашна пита со вишни

Не постои подобар начин за да го започнеме денот со една многу вкусна домашна пита од вишни. За сите оние кои го сакаат вкусот на вишните и крцкаво тесто со полна арома на путер овој рецепт мора да го подготвите.



Потребни состојки:

За тестото:

  • 310 гр. брашно
  • 250 гр. студен путер исечкан на коцки
  • Прстофат сол
  • 2 лажици шеќер
  • 2-3 лажици студена вода

За филот:

  • 1200 гр. замрзнати вишни (или свежи)
  • 2 пакетчиња пудинг од ванила
  • 3 пакетчиња ванилин шеќер
  • 150 гр. шеќер

Начин на подготовка:

Во длабок сад промешајте ги брашното, солта, шеќерот и путерот заедно. Со рацете втријувајте го путерот за да се формира смеса налик на песок. Додајте ја студената вода и оформете тесто. Оформете го тестото во топка и спакувајте го во хартија за свежа храна. Нека отстои во ладилник околу 30-40 минути.

За да го подготвите филот во тенџере на оган ставете ги вишните и шеќерот. Додајте ја ванилата и изматените пудинзи во малку вода на страна. Мешајте континуирано додека смесата не се згусне. Префрлете ја во чист сад и покријте со хартија за свежа храна на површината од филот за да не се оформи кора при ладење.

Расукајте малку повеќе од половина од тестото и обложете го тавчето за правење пита. Исечете ги рабовите и оставете повторно да се стегне. Нанесете го комплетно изладениот фил со вишни и со другиот дел од тестото пресечете ленти за да ја декорирате питата. Премачкајте ја внимателно со изматено јајце. Печете во загреана рерна на 200 степани околу 15 минути, а потоа намалете на 180 и печете уште 30 минути.

Оставете комплетно да се излади ( минимум 4-5 часа ) за да извадите убави парчиња.

Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби