Седум причини зошто треба да се јадат банани секој ден

Бананите се најизвезуваното овошје во светот. Иако се исклучително популарни, некои ги избегнуваат поради тоа што содржат повеќе јаглехидрати и шеќер од други овошја. За разлика од процесираната слатка храна, природниот шеќер во бананата е придружен со многу витамини и минерали, а тие се богати и со влакна кои ја забавуваат дигестијата на шеќерите и нè држат сити.



Eдна средна банана има околу 105 калории, 1гр. протеин, помалку од 1гр. масти, 26гр. јаглехидрати, 3гр. влакна и 14гр. шеќер

Кои се причините да се јадат банани секој ден?

1) Богати се со калиум

Една средна банана содржи 422мг. калиум, што е околу 12% од препорачаната дневна доза на овој минерал кој на телото му е потребен за да функционира нормално. Овој електролит помага за контракцијата на мускулите, функцијата на нервите, пренесување на хранливите состојки во клетките и отпадот надвор од нив, регулирање на срцевите отчукувања и регулирање на натриумот во телото. Кога телото има недостаток на калиум, се зголемува ризикот од зголемен крвен притисок, развивање на камен во бубрезите, мускулни грчеви и др.

2) Бананите хидрираат

Калиумот игра улога и во регулирањето на балансот на течностите во телото, особено на електролитите кои ги губиме преку потта (натриум, магнезиум, калциум).

3) Добри се за стомакот

Една средна банана има околу 3гр. влакна, што е 10% од препорачаната дневна доза. Тие содржат и пребиотици, вид на ферментирачки влакна кои помагаат за раст на добрите бактерии (пробиотиците) во стомакот.

4) Одлична храна за пред и после вежбање

Најдобра храна пред вежбање е онаа која содржи природни шеќери (јаглехидрати) кои ни даваат енергија, а стомакот лесно ги вари. Исто така, одредени соединенија и фиохемикалии во нив играат ефективна улога во намалувањето на воспаленијата на мускулите предизвикани од вежбањето.

5) Добри се за срцето



Истражувањата покажале дека внесување на доволно калиум е поврзано со значително понизок крвен притисок и намален ризик од срцев удар, а причината за тоа е што тој помага натриумот да се исфрла преку урината, намалувајќи ја потенцијалната штета која тој ја предизвикува на срцето.

6) Богати се со витамин Б6

Бананите содржат скоро една третина од препорачаната дневна доза на витаминот Б6, кој е важен за развивањето на мозокот за време на бременоста и ензимските реакции вклучени во метаболизмот.

7) Ги одржуваат бубрезите здрави

Во студија врз 61 000 жени од Шведска, било откриено дека оние кои јаделе повеќе овошје и зеленчук (над 75 порции месечно/околу 3 порции дневно) имале најмал ризик од развивање на највообичаениот вид на рак на бубрези.

Кога биле истражени одредени овошја, се покажало дека бананите имале најголем ефект на ова поради големата концентрација на феноли, соединенија со антиоксидантни ефекти.

Во уште една голема студија направена врз 90 000 жени исто така било откриено дека оние кои консумирале повеќе од 4гр. калиум дневно имале 35% помал ризик од создавање на камен во бубрезите, отколку од оние кои внесувале помалку од 2,4гр. Причината за тоа е што калиумот му помага на телото да се ослободи од вишокот калциум, од кој највообичаените видови на камења/песок во бубрезите се создадени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби