6 причини зошто е здраво да се јаде лосос

Лососот е дел од речиси секој режим на здрава исхрана. Истиот е одличен извор на здрави масни киселини, протеин и разни други хранливи состојки кои влијаат на здравјето.

1) Клучен извор на омега-3 масни киселини



Есенцијалните масни киселини нашето тело не може да ги создаде, па тие мора да се внесуваат преку исхраната. Рибните масти содржат EPA и DHA омега-3 масни киселини, кои помагаат за намалување на воспалувањето, како и заштита на здравјето на срцето и мозокот. Истражувањата покажуваат дека 0.45 до 4.5 грама омега-3 масни киселини дневно помагаат во намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања, а 85гр.лосос содржи 2.6 грама масни киселини.

2) Одличен извор на протеин

Во зависност од активноста, истражувањата покажуваат дека генерално преку храната треба да внесуваме најмалку 20 грама протеин дневно. 85гр. лосос содржат 17 грама протеин – скоро цела дневна „доза“.

3) Содржи калиум скоро колку една банана

85гр. лосос содржат 309 милиграма калиум, што е 12% од препорачаниот дневен внес на овој минерал. Тој помага за исфрлање на вишокот вода од организмот, а со тоа и за контролирање на крвниот притисок.

4) Добар извор на селен

Селенот помага на тироидната функција и здравјето на коските, а потребен е во многу мали количини (55 микрограма дневно). Една порција лосос има 20 микрограми.

5) Содржи и Б-витамини



Лососот го содржи скоро целиот спектар на Б-витамини, кои помагаат во одржување на нивото на енергија, спречуваат инфламација, го заштитуваат срцето и ја подобруваат функцијата на мозокот.

6) Има астаксантин кој помага во борбата против лошиот холестерол.

Бојата на лососот доаѓа токму од астаксантинот, антиоксидант кој помага во намалување на лошиот холестерол и зголемување на добриот. Студии покажуваат дека во комбинација со омега-3 масните киселини, тој помага за спречување на инфламацијата во централниот нервен систем и мозокот, а добар е и за кожата бидејќи помага во нејзино заздравување од УВ зраците.

Во поглед на квалитетот и количината на хранливите состојки, дивиот лосос е подобар од оној одгледуваниот. Одгледуваниот е природно бел, но е дополнително боен со синтетичка верзија на астаксантин за да личи на дивиот, која ги нуди скоро истите здравствени придобивки како и природната од дивиот (кој е и значително поскап).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби