6 причини зошто е добро да јадете брусница

Брусница може да се консумира преку целата година и нуди многу здравствени придобивки кои се добри за целото тело.

1) Ја спречува антибиотската резистентност



Во нова студија истражувачите селектирале бактерии одговорни за инфекции на уринарниот тракт, пневмонија и гастроентеритис, кои кога биле третирани со антибиотици обично станувале резистентни на нивните ефекти. Но, во новиот експеримент, научниците откриле дека со додавање на екстракт од брусница се спречило развивањето на антибиотската резистентност. Екстрактот го направил бактерискиот клеточен ѕид попорозен на антибиотикот, што предизвикало бактеријата потешко да го отфрла лекот.

2) Полна е со антиоксиданси

Брусницата изобилува со антиоксиданси кои се анти-инфламаторни, а истражувањата покажале дека оние кои консумираат брусница имаат пониско ниво на Ц-реактивен протеин, што е крвен маркер за воспаление т.е инфламација и кој е познат причинител за предвремено стареење, хронични заболувања и когнитивен пад.

3) Ја подобрува циркулацијата на крвта

Брусницата ја подобрува флексибилноста на артериите, што резултира со подобрување на крвотокот и намалување на крвниот притисок. Подобрата циркулација исто така ја зголемува енергијата и когнитивната функција.

4) Штити од болести



Постојат докази дека сокот од брусница го штити срцето редуцирајќи го „лошиот„ LDL холестерол, триглицеридите (крвните масти) и инсулинската резистентност. Одредени соединенија во брусницата се покажало дека го забавуваат растот на туморите, вклучувајќи ги канцерогените клетки во градите, дебелото црево, белите дробови и простатата.

5) Го подобрува здравјето на стомакот

Истражувањата покажуваат дека консумирањето брусница креира повеќе корисни бактерии во стомакот, што е поврзано со имунитетот, расположението и дигестивното здравје. Влакната во целите или сушени плодови помага против запек и го подобрува варењето.

6) Го подобрува имунитетот

Витаминот Ц во брусницата го подобрува имунитетот и е потребен за правење на колаген, така да игра клучна улога за одржување на здравјето на кожата и коските. Таа помага и за третирање на уринарни инфекции, така што ги спречуваат бактериите да се прицврстат на ѕидовите од уринарниот тракт. Истиот вид природна одбрана се случува и во желудникот за спречување на чиреви и во устата за да се спречи заболување на непцата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си игра едно детенце во градинка, кога му приоѓа едно девојче и го прашува:
- Сакаш да си играме заедно?
- Сакам. А, која игра ќеја играме?
- Ќе ти кажам, ама ти прво кажи ми...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Роден е англискиот крал Хенри Шестти,...
1492.- Христофер Колумбо го откри островот...
1507.- Германскиот картограф Мартин Валдземилер...
1779.- Умре Жан Батист Шарден, француски сликар....
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби