Dave’s Kitchen: Брзи ролнички за појадок или вечера

Овие ролнички се подготвуваат супер брзо и имаат одличен вкус на крем супа од печурки, младо кромидче, лукче и кашкавал.



Потребни состојки:

  • 2 пакувања тост леб
  • 150 гр омекнат путер или маргарин
  • 700 мл неутрален крем за готвење (солена хопла)
  • 1 лажичка сенф
  • Сол и мелен црн пипер по вкус
  • 2-3 млади кромидчиња ситно исечкани
  • 1-2 лути (или благи) пиперки
  • 1 чешне лук ситно исечкано
  • 1 крем супа од печурки (може да кроистите каква имате дома, од брокула, кромид...)
  • 350-400 г рендан кашкавал

Начин на подготовка:

Во тенџере на оган ставете го неутралниот крем за готвење. Веднаш додајте го сенфот, крем супата, солта и мелениот црн пипер, ситно исечканите пиперки, младиот кромид и лукот. Промешајте и гответе додека околу 5 минути додека смесата не започне да прави меурчиња.

Тргнете го тенџерете од оган и додајте го ренданиот кашкавал. Добро промешајте и тргнете на страна смесата да се излади 10 минути.

Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени.

Секое парче тост леб од едната страна добро премачкајте го со омекнат путер или маргарин. Кога смесата ќе се излади, на секое парче тост леб нанесете од филот на страната која што не е премачкана со путер. Свиткајте внимателно во ролат и ставете ги ролничките во тавче обложено со хартија за печење. Премачканата страна со путер или маргарин треба да биде одозгора, за кога ќе се пече да стане крцкаво.

Печете во загреана рерна околу 15-20 минути додека не добијат златно-кафена боја.

Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби