Редовното јадење на варени домати му овозможува на ликопенот, материја која е заслужна за црвената боја, да го спречи врзување на клетките на рак со здравото ткиво, со што го стопира неговото ширење.

- Механизмот кој одредени видови на рак го користат за да се спојат со здравото ткиво и да се рашират уште побрзо може да се уништи со редовно пиење варен домат, истакнува предводничката на истражувањето, д-р Миранда Чопра.
Клетките со рак можат да мируваат со години, но и лесно може да се активираат со излачување на хемикалија која предизвикува поврзување на ракот со еднотелните клетки чија задача е чување на крвните садови. На тој начин клетките со рак се шират во организмот. Ликопенот го спречува токму тој процес и оневозможува ракот да се шири и расте, потврдува истражувањето.

Повеќето клетки на рак функционираат на ист начин, а голема улога во лечењето на ракот на простатата, ликопенот би можел да ја има токму поради тоа што карциномот се насобира во ткивото на простата. Пушачите би требало да јадат повеќе домати отколку непушачите поради високото ниво на оксиданси во организмот. Ликопенот е составен дел од црвеното овошје и зеленчук, а најмногу го има во доматите. Биолошки е најактивен во преработените домати.