Монте торта: лесна и кремаста без печење

Пред да преминеме на летните рецепти за овошни колачи и торти, ви предложуваме торта која се базира на чоколадо и слатка павлака и која ќе ве изненади со нејзиниот фантастичен и лесен вкус. Станува збор за кремастата торта Монте, која се состои од три слоја, а за нејзината подготовка не е потребно печење.

Состојки:

- Прв крем: 1 л. млеко, 100 гр. густин, 100 гр. шеќер, 1 ванилин шеќер и 125 гр. путер

- Втор крем: 500 мл. слатка павлака (хопла) и 200 гр. чоколадо

- бисквити

- малку рум

Подготовка:

1. На помало тавче за печење наредете ги бисквитите во еден слој и премачкајте ги со малку млеко помешано со рум.

2. За првиот крем ставете го млекото на рингла да се топли и додадете малку рум. Во друг сад измешајте го шеќерот и густинот со малку ладно млеко за да добиете изедначена смеса. Кога млекото ќе зоврие, додадете ја смесата со густинот и на послаб оган мешајте околу 2 минути. Во врелата смеса додадете го путерот и прелијте ја врз бисквитите.

3. За вториот крем, на послаб оган загрејте ја слатката павлака во која сте го додале исечканото чоколадо, а кога истото ќе се стопи, прелијте го врз првиот крем и оставете ја тортата да се олади.

Вашата Монте торта е готова! Уживајте во нејзиниот вкус, кој е идеален за послужување со попладневното кафе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби